29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple пушти нов iPad и црвен iPhone 7

Apple пушти нов iPad и црвен iPhone 7

„Apple“ пушта нова верзија на својот 9,7-инчен „iPad“, како и специјално црвено издание на „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“. Технолошкиот гигант денеска ги објави новите засилувања во својата палета на својата интернет страница.

Новиот таблет ќе го замени моделот „iPad Air 2“, како и „A8X“ чипот, приклучен на овие уреди е заменет во новиот уред со 64-битен „A9“. Овој чип исто така не е од новата генерација, но за сметка на тоа, новиот „iPad“ има атрактивна основна цена од 329 долари (за 32-гигабајтната верзија), што го прави најголемиот најприфатливиот „iPad“ до сега.

Оние кои имаат потреба од повеќе меморија, ќе треба да платат 100 долари повеќе за 128-гигабајтната верзија.

Таблетот кој е опремен со „Retina“ дисплеј, веќе се продава во онлајн продавницата на „Apple“.

Во меѓувреме компанијата објави дека најновите „iPhone 7“ и „7 Plus“, ќе бидат претставени во посебна (црвена) варијанта, како дел од долгогодишната кампања на „Apple“ за помагање на Светскиот фонд за борба со СИДА. Моделите во црвена боја ќе влезе во продажба на 24-ти март, по цена од 749 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП