19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку заработуваат топ-брендовите од своите автомобили

Колку заработуваат топ-брендовите од своите автомобили

Американската агенција „Bloomberg“ се обиде да пресмета колку заработува еден производител на автомобили од своите модели. Сметките се направени за пазарот во САД, а во основа им се финансиските резултати објавени од страна на водечките компании како „Porsche“, на пример.

Според „Bloomberg“, минатата година германската компанија продала 238.000 нови автомобили, што носи профит од 4,1 милијарди долари. Тоа значи дека од секоја продадена машина, „Porsche“ заработува чисти 17.250 долари.

Треба да се прецизира дека тоа сепак е доста условна бројка, бидејќи компаниите заработуваат не само од продажба на автомобилите. Има уште приходи од резервни делови, сервисни услуги, инженеринг, развој за други производители и редица други.

Одличен во овој индикатор сепак останува „Ferrari“, каде што секој продаден автомобил и носи на компанијата околу 90.000 долари профит. Од „Bloomberg“ дополнуваат дека кај Италијанците 30% од приходите доаѓаат од продажбата на мотори, различни предмети, како и од парковите за забава кои компанијата ги изгради на неколку континенти.

Добро се справија и германските производители, додава агенцијата. Концернот „Daimler AG“ заработува околу 5.000 долари од секој продаден нов автомобил „Mercedes-Benz“. Горе-долу толку е и резултатот на „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП