19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотребно е обновување на дневните центри за лицата со посебни потреби

Потребно е обновување на дневните центри за лицата со посебни потреби

Во рамки на проектот “Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” кој го спроведува Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус, во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, посветено е големо внимание на дневните центри за лицата со посебни потреби во Македонија.

Како што информираат од проектниот тим, според спроведените теренски истражувања очигледна е потребата од подобрување на состојбата на дневните центри, обезбедување на нова функционална опрема, проширување на капацитетите.

“Во изминатиот период посветивме големо внимание на дневните центри кои згрижуваат лица со посебни потреби на ниво на цела Македонија и мора да нагласам дека постои голема потреба и простор од подобрување на работата и физичката состојба во која се наоѓаат истите. За пофалба е фактот дека е забележано задоволство на родителите, семејствата на лицата кои ги посетуваат овие центри од резултатите кои се постигнуваат во работата со децата со умерени и тешки пречки во развојот, но за да постигнеме голем успех потребно е да се направи значителна инвестиција во нив” укажуваат од проектниот тим.

Дневните центри ги посетуваат деца со умерени и тешки пречки во развојот кои се на возраст од 5 до 18 години и коишто живеат со своите биолошки семејства или се сместени во згрижувачки семејства. Дневните центри се димензионирани да згрижат од 20 до 25 деца, а даваат услуги на дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација на лицата со посебни потреби. Во Македонија се отворени и функционираат 25 дневни центри лоцирани во урбани средини, а во нив се опфатени над 400 корисници.

Според истражувањето кое во земјата го има спроведено УНИЦЕФ се препорачува во дневните центри во земјата да се воведе програма за работа со родителите/згрижувачи, програма за работа со локалната заедница, да се обезбеди постојано и непречено дополнување на дневните центри со потрошен материјал, дидактички средства и играчки, обезбедување на климатизирани возила или организација на транспорт со такси служби, реновирање.

Обновата на дневните центри за лица со посебни потреби ќе допринесе за нивна поголема инклузија во општеството, полесно справување на семејствата и подобар развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП