28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСемките од тиква се одлични во борбата против ракот и лошото расположение

Семките од тиква се одлични во борбата против ракот и лошото расположение

Семките од тиква се мало чудо од природата, за кое не сме свесни за неговата хранлива вредност, а всушност помага во борбата против канцерогените клетки, но и против лошото расположение.

Семките од тиква се богати со протеини, магнезиум, влакна, манган и фосфор. За да го зајакнете имунитетот и да му помогнете на вашиот организам да развива здрави клетки, ако сакате да го подобрите сонот, видот и кожата, за што е потребно цинк, токму семките од тиква содржат висок процент на цинк.

Овие чудесни семки содржат соединенија кои му помагаат на организмот да се избори против канцерогените клетки.

Германската студија покажа дека жените кои минуваат низ менопауза, а ја внесуваат дневно препорачаната доза на семки од тиква, го намалуваат ризикот за рак на дојка за дури 23 проценти.

Семките од тиква се еднакво хранливи во секој облик.

Маслото од семките од тиква е исклучително делотворно и во третманите кај зголемена простата. Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданти кои се борат против слободните радикали во организмот и со тоа го спречуваат појава на клетки кои предизвикуваат рак.

Тие се одличен извор на протеини и се клучни намирници во борбата со вишокот на килограми. Една рака семки од тиква содржи во просек пет грама протеини, кои ви помагаат подолго време да се чувствувате сити.

Семките од тиква се препорачуваат за добро физичко но и ментално здравје на организмот, бидејќи помагаат и во борбата против стресот.

Но, како и сите јаткасти плодови така и семките од тиква се и исклучително калорични. Една шолја семки од тиква содржи околу 285 калории, така што не е препорачливо да се консумира повеќе од 30-тина грама од оваа исклучително хранлива намирница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП