28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank инвестира 300 милиони долари во компанија за заеднички канцелариски простори

SoftBank инвестира 300 милиони долари во компанија за заеднички канцелариски простори

Јапонската компанија „SofBank Group“ инвестира 300 милиони долари во компанија за заеднички канцелариски простори „WeWork“ – прво стекнување од залог за неколку милијарди долари, тврди извор нa „Bloomberg“, запознаен со предметот.

Јапонската телекомуникациска и интернет компанија направи неколку смели потези во широк спектар на области во технолошката индустрија, вклучувајќи ја индиската компанија за заедничко патување „Ola“, стартапот за финансиски услуги со седиште во Сан Франциско „SoFi“ и стартапот за сателитски комуникации „OneWeb“.

Инвестицијата во „WeWork“ е само првиот дел од поголем круг на финансирање, кој се очекува да достигне 3 милијарди долари, тврди извор запознаен со предметот, кој побарал анонимност.

Иако првиот круг од финансирањето доаѓа од самата „SoftBank“, остатокот од средствата се очекува да дојдат од „Vision Fund“ на „SoftBank“, кој е во вредност од 100 милијарди долари.

Од „WeWork“ и „SoftBank“ одбиваат да коментираат на оваа тема.

Со седиште во Њујорк, „WeWork“ нуди канцелариски простор, споделување на одделни специјалисти хонорарни и мали компании, претежно стартапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП