29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМирен трговски ден на Македонска берза

Мирен трговски ден на Македонска берза

Вкупниот промет изнесуваше 7,6 милиони денари и се реализираше преку 49 трансакции. Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,11%, и изнесуваше 2.277,08 индексни поени, додека, пак, индексот на обврзниците повторно остана непроменет.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на Стопанска банка АД Битола со раст од 5,39% и истргувани 191 акции по цена од 1.350 денари. По неа следеа акциите на Тетекс АД Тетово (+3,10%), РЖ Макстил (+2,67%), НЛБ Банка (2,06%) и Македонија Турист (+0,58%).

На спортивната страна се најдоа акциите на Жито Лукс со пад од 44,44% и истргувани 645 лотови по цена од 160,00 денари, Топлификација (-2,67%), Гранит (-1,39%) и Макпетрол (-0,46%).

Најголем промет имаше со акција на Нова стоковна куќа АД Струмица (НОСК) со истргувани 23 лотови по цена од 92.250 денари за една акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП