20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank со драстично намалување на бонусите

Deutsche Bank со драстично намалување на бонусите

Германскиот банкарски гигант „Deutsche Bank“ ги намали бонусите со повеќе од три четвртини во минатата година, покажува годишниот извештај, цитиран од „ВВС“.

Бонусите се намалени до 0,50 милијарди евра во споредба со 2,4 милијарди евра од претходната година. Вкупно за плати на вработените во банката, кои се над 100.000 во сите нејзини филијали во светот, се издвоени 8,9 милијарди евра во 2016-та година во однос на 10,5 милијарди евра од претходната година.

„Deutsche Bank“ се обидува да ги намали трошоците, така што скрати над илјада работни места во минатата година. Таа е во процес на регрутирање на 8 милијарди евра преку продажба на нови акции.

Во понеделник цената на акциите на банката се намалија за 1%, до 17.67 евра. Таа регистрира годишни загуби во износ од 1,4 милијарди евра во 2016-та година, откако се договори да ги плати казните кои беа наметнати од судот. Во 2015-та година, сепак „Deutsche Bank“ регистрираше поголема загуба од 6,4 милијарди евра.

Само во последните три месеци од 2016-та година банката загуби 1,9 милијарди евра, главно поради рекордната парична казна, која и беше наметната во САД. Во јануари таа беше казнета од американските и британските регулатори заради план за перење на руски пари.

Големите банки платија големи парични казни во последните години поради бројни нерегуларности, вклучувајќи ја злоупотребата на каматните стапки, девизните курсеви и незаконска продажба на производи.

Покрај тоа условите за нив се влошуваат и поради зајакнувањето на регулациите. Задржувањето на ниските каматни стапки се друг елемент во тешката ситуација за банките, бидејќи е многу потешко да се постигне добивка, кога разликата помеѓу каматата на заемите и депозитите се толку мали.

„Deutsche Bank“, која минатата година беше прогласена за банка со најголем ризик во светот од Меѓународниот монетарен фонд поради глобалната слабост, побавно од конкурентите презема акција да се опорави од финансиската криза во 2008-ма година.

Во моментов банката е во процес на затворање на 200 филијали во Германија и на намалување на околу 9.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП