28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев амбасадор на УЕФА за Суперкупот

Пандев амбасадор на УЕФА за Суперкупот

Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер во изминатата деценија ќе биде амбасадорот на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“. Дуелот во кој за трофејот ќе се борат освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лига Европа ќе се одигра на 8.август на „Телеком арена“ во Скопје.

Како амбасадор на УЕФА Суперкупот Пандев беше претставен денеска на прес- конференција.

„Благодарност за укажаната доверба. Ќе ми биде голема чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017. Знаеме дека ќе играат двата тима победници од Лигата на шампионите и Лигата на Европа и ќе биде големо уживање да ги гледаме во Скопје“, исткна фудбалерот на Џенова.

Желбата на Пандев е на 8.август во Скопје да дојдат Манчестер Јунјатед од Лига Европа и Барселона или Јувентус од Лигата на шампиони.

„Како Фудбалска федерација на Македонија ние сме горди што ја заслуживме шансата да го организираме досега најголемиот спортски настан во нашата историја. Благодарност до УЕФА за укажаната доверба. На овој начин ни се отвора вратата за организирање на настани од ваков профил и во иднина. Една од основните цели на УЕФА е развој на фудбалот во сите делови од Европа, нас ни е исклучително важно што преку овој настан и ние како федерација придонесуваме и го доближуваме фудбалот до неговите навивачи и поддржувачи“, рече претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП