18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 29-ти март британската премиерка Меј ќе го активира Brexit

На 29-ти март британската премиерка Меј ќе го активира Brexit

Британската премиерка Тереза Меј на 29-ти март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што и официјално ќе започне процедурата на излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), потврдил нејзиниот портпарол, пренесува британски Guardian.

Постојаниот претставник на Велика Британија во ЕУ, Тим Бароу во понеделникот ја известил Унијата дека Меј на овој датум ќе испрати писмо до останатите 27 членки.

Британската влада потврдила дека Меј има намера да ги посети Северна Ирска и Шкотска пред испраќањето на официјалното известување за почетокот на преговорите со кои Обединетото Кралство ќе излезе од ЕУ.

Извори од британската влада за Guardian во повеќе наврати најавуваа дека Меј до крајот на март ќе превземе мерки за покренување на процедурата на Brexit.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП