19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗA8 ќе биде претставен во јули, а во продажба ќе пристигне до...

A8 ќе биде претставен во јули, а во продажба ќе пристигне до крајот 2017-та

Четвртата генерација од топ моделот на „Audi“ ќе биде претставена на 11-ти јули во Барселона, додека светската премиера на новиот „A8“ ќе има во септември, на саемот за автомобили во Франкфурт, соопшти германскиот производител.

„Audi“ на средината на март започна да открива детали за новите генерации на своите модели, „A6“, „A7“ и „A8“.

Најлуксузниот од споменатата тројка, „Audi A8“, првото појавување во јавноста ќе го има на манифестацијата „Audi Summit“, која ќе се одржи на средината на јули во најголемиот каталонски град.

Новиот „A8“ ќе има дизајн заснован на концептот „Audi Prologue“ од 2014-та, a благодарејќи на „MLB Evo“ механичката платформа ќе биде полесен од актуелниот модел. Со оглед дека станува збор за возило кое се наоѓа во врвот на понудата на „Audi“, производителот секако ќе се потруди новата лимузина да биде опремена со најсовремените технологии, меѓу кои е и системот за автономно возење, но и бројни други системи за активна безбедност.

Моторизацијата би требало да биде слична и кај актуелниот „А8“. Покрај конвенционалните бензински и дизел погонски единици, во понудата ќе биде и „Plug-in“ хибрид.

Во медиумите се шпекулира за два бензински и три дизел мотори. Бензинските опции би требало да ги сочинува 4.0-литарски V8 со 460 ks и 6.3-литарски W12 со 565 ks, додека дизел понудата би требало да ги сочинува 3.0-литарски V6 TDI со 272 ks, 4.0-литарски V8 TDI со 408 ks и 5.0-литарски V10 TDI со 500 ks.

По светската премиера на саемот во Франкфурт, се очекува новиот „Audi A8“ на пазарот да пристигне до крајот на годината и да ги предизвика најголемите ривали – „Mercedes S Сlasѕ“ и „BMW Serieѕ 7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП