Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,801.04 0.25%    BESK 10,700.00 1.9%    GALE 600.00 0%    GRNT 756.00 -1.52%    KMB 2,601.78 -2.12%    MPOL 230.00 7.48%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    STB 897.19 4.32%    STBP 748.00 0%    TEL 241.00 0%    TKVS 2,510.00 3.12%    TNB 10,799.68 0.83%    TPLF 1,365.00 -0.15%    UNI 1,800.00 0%    ZPKO 2,500.00 -0.04%    

Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ одбележан Светскиот ден на раскажувањето

Време: 15:11

Датум: март 20, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Светскиот ден на раскажување приказни се одбележа со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ пред првачињата од основното училиште „Коле Неделковски“ во градската библиотека „Браќа Миладиновци.

Наратори на приказните од македонското народно творештво беа младите актери Теоман Максут и Миа Кантарџиева, кои на уметнички начин, со фолклорни елементи, им ги доближија македонските народни приказни на најмладите.

„Со овој настан наша цел е кај најмладите да ја поттикнеме навиката за читање и да ја разбудиме нивната фантазија, како основа за правилен мислечки и креативен процес. Читањето приказни во детството во голема мера придонесува за зголемување на интересот за читање книги и во детската возраст, но и подоцна во животот“, истакна Жаклина Угриновска, раководител во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е проект реализиран од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“. Еден од главните приоритети на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ е да создава нови модерни производи инспирирани од македонската традиција, а во нивната креативна изработка да им даде шанса на млади талентирани луѓе од Македонија, како што беше случај и со оваа едиција. Илустрациите на приказните во едицијата „Бајки од Македонија“ ги изработи младата дизајнерка Катерина Николовска, која беше избрана на јавен конкурс.

„Традицијата што ја поседува Македонија во различни сегменти е огромен извор на идеи. Дел од нив се по малку заборавени или не се атрактивни за современиот човек. Но, наша цел е од овие идеи да создадеме нов модерен производ со современ печат, а во процесот на нивно креирање да им дадеме можност на младите талентирани луѓе. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ многу скоро по своето излегување беше одлично прифатена од сите генерации, а што е најважно, овој проект помогна во создавањето на читачки навики кај најмладите, за што многу придонесе и современиот дизајн“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четирите бајки – „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“ и претставува модернизирана и адаптирана форма на приказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и од Танас Вражиновски. Во изборот на бајките учествуваше и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

За да го дадат свој придонес кон збогатување на книжевниот фонд во библиотеките и да ги направат достапни за поголем број читатели, приказните од едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, во чиешто издание е едицијата, на градските библиотеки во Македонија им донираа 40 комплети.

„Детската литература е еден од нашите фундаменти на којшто сериозно му е посветен цел тим професионалци од различни области. Создавање на нова читачка публика е многу важно за нас, но истовремено читањето и желбата за нови знаења е важно и за општеството како целина, бидејќи така се создава основа за иден развој на сите полиња. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ е токму одраз на овие наши заложби. Оваа едиција е една од најбараните во нашите продажни места, а доживеа и неколку реизданија за краток временски период, што е вистински показател за огромната прифатеност од читателската публика“, истакна Бранка Бугариска, раководител на издаваштво во „Арс Ламина“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ беше претставена на еден од најголемите светски саеми на книгата, на Саемот во Франкфурт, со превод на англиски јазик, со што станува достапна за широката читателска публика на светскиот пазар.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Баскерфест 2017“ вечерва во Крива Паланка

    „Баскерфест 2017“ вечерва во Крива Паланка

    Вечерва, во Крива Паланка, на плоштадот „Карпошово востание“, во 19 часот почнува „Баскерфест 2017“. Публиката ќе може да ужива во неколкучасовната програма на 30 акробати…

  • Вечерва „Пинк Фолјд“ со Филхармонија во Градскиот парк

    Вечерва „Пинк Фолјд“ со Филхармонија во Градскиот парк

    Со музиката на „Пинк Флојд“, во оркестрација на Џијан Емин, вечерва од 21 часот во Градскиот парк во Скопјеќе се одржи традиционалниот настан „Види музика,…

  • Нов возбудлив трејлер за „Игра на престолите“ (видео)

    Нов возбудлив трејлер за „Игра на престолите“ (видео)

    Остана уште помалку од еден месец до почетокот на седмата сезона на серијата „Игра на престолите“, а телевизиската куќа „Ејџ-би-о“ денеска објави уште еден трејлер.…

  • Кинотека: Проекција на „Офицери“ за одбележување на денот на „Операција Барбароса“

    Кинотека: Проекција на „Офицери“ за одбележување на денот на „Операција Барбароса“

    По повод 76-годишнината од нападот на Нацистичка Германија врз Советскиот сојуз познат под името „Операција Барбароса“, во Кинотеката на Македонија в четврток ќе биде прикажан…

  • Отворање на „Битола Шекспир фестивал“

    Отворање на „Битола Шекспир фестивал“

    Со музичко-сценски колаж насловен „Шекспир колаж“ во продукција на Народниот театар од Битола вечерва, ќе биде отворен 5. Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае…

  • Големи почести за Милчо Манчевски во Шангај

    Големи почести за Милчо Манчевски во Шангај

    Менаџерот на Шангајскиот фестивал, Мао Лијун, вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“, „како библија во филмската нарација во три чина“. Во тек е…

  • Нова книга на Евгениј Хоуп – „Годините кога научив да летам“

    Нова книга на Евгениј Хоуп – „Годините кога научив да летам“

    Во Клуб Матица на Булеварот на книгите, в четврток, 22.06.2017, во 20.00 часот ќе биде промовирана новата книга на Евгениј Хоуп со наслов „Годините кога…

  • Во спомен куќата на поп-ѕвездата Тоше Проески започна „Крушево воркшоп 2017“

    Во спомен куќата на поп-ѕвездата Тоше Проески започна „Крушево воркшоп 2017“

    Денеска, во Спомен куќата на поп-ѕвездата Тоше Проески во Крушево почна со работа бесплатна музичка работилница „Крушево воркшоп 2017“. На неа присуствуваат триесеттина млади гитаристи…

  • Промоција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

    Промоција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

    Утре, со почеток од 11 часот, во Прличевата одаја при НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Ѕвезди на светската…

  • „Лачни Франц“ на овогодинешното Скопско лето

    „Лачни Франц“ на овогодинешното Скопско лето

    Рок групата Лачни Франц од Словенија ќе настапи в четврток, во 21.30 часот, на плоштадот „Мајка Тереза“ (платото пред МОБ), во рамките на овогодишното Скопско…