Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 639.00 -2.74%    ALK 5,700.00 0.21%    KMB 2,829.89 -0.71%    KVAS 8,342.00 -3%    MKSD 157.00 -2.48%    MPT 27,700.00 0%    MTUR 3,492.00 -3%    OHB 4,960.00 -0.8%    PKB 11,800.00 2.61%    RMDEN13 93.20 -2.92%    RMDEN15 95.40 0.42%    RZUS 98.00 3.16%    STB 900.00 0%    TEL 261.25 0.64%    TNB 10,995.68 0.01%    TPLF 948.00 0%    UNI 1,200.00 -0.83%    USJE 23,000.00 -1.41%    

Парискиот договор за климата може да го направи светот побогат со 19 илјади милијарди долари

Време: 15:05

Датум: март 20, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Запирањето на глобалното затоплување не само што ќе ја задржи нашата планета погодна, но и ќе ја зајакне глобалната економија со 19 илјади милијарди долари, коментира „Bloomberg“.

Сериозните инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност со цел одржување на затоплувањето под 2 Целзиусови степени, како што беше договорено во Париз со договорот за климата, ќе се прошири глобалната економија со околу 0,8% до 2050-та година, изјави Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) во извештај подготвен за германската влада.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел го порача извештајот како подготовка за преговорите за енергетика и климатски услови меѓу економиите во Г20 во следните месеци. Дискусиите почнуваат оваа недела, кога Германија ќе го претстави планот за поддршка на мировен договор пред претставници на работната група за одржлив развој (Sustainability Working Group) на Г20.

„IRENA“ која ја подготви студијата заедно со Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), прогнозира дека 65% од електричната енергија ќе биде генерирана од чиста енергија до 2050-та година, што е за околу 15% повеќе во споредба со 2015-та година. Според организацијата подобрувањето на енергетската ефикасност ќе се удвои. Финтата е дека напорите бараат 145 илјади милијарди инвестиции во нискокарбонска технологија до средината на векот.

Оваа бујна трансформација на енергетскиот сектор ќе ги принуди и компаниите за фосилни горива да го остават јагленот, нафтата и гасот во вредност од 10 илјади милијарди долари под земјата, наведува организацијата со седиште во Абу Даби. Тоа е прилично над прогнозата за 320 милијарди долари, според сценариото на „ИЕА“.

Инвестициите во обновлива енергија, сепак, ќе доведат до многу поголема добивка од самото надоместување на загубите и ќе создадат околу 6 милиони работни места, наведува „IRENA“.

КОМЕНТАРИ

  • Brexit доведе до одлив на високообразованите имигранти од Британија

    Brexit доведе до одлив на високообразованите имигранти од Британија

    Велика Британија се уште не го поднела официјалното барање за напуштање на Европската унија (ЕУ), но една од желбите на Британците – помалку имигранти, веќе…

  • Латиноамериканските економии се со најдобри економски перспективи во 2017-та

    Латиноамериканските економии се со најдобри економски перспективи во 2017-та

    Во оваа година не очекуваат наскоро добри, отколку лоши вести за економскиот раст на светските економии, а најсилна ќе биде обновата во неколку од големите…

  • Германците бараат работници – дневница 150 евра

    Германците бараат работници – дневница 150 евра

    За берење аспарагус дневницата се движи и до 150 евра, меѓутоа ако сакате да се занимавате со оваа работа би било добро да знаете неколку…

  • Намален бројот на доктори на науки во 2016 година

    Намален бројот на доктори на науки во 2016 година

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица што претставува намалување за 19.9% во споредба…

  • „Германија би можела да дава повеќе пари во ЕУ“

    „Германија би можела да дава повеќе пари во ЕУ“

    Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел изјави дека Германија би можела да дава повеќе пари за ЕУ. Тој наведе дека инвестирањето во Европа…

  • ЕЦБ: Повеќе трговија може да го намали дефицитот на тековната сметка

    ЕЦБ: Повеќе трговија може да го намали дефицитот на тековната сметка

    Европската централна банка може да му даде совет на Доналд Трамп во врска со неговите намери да го намали дефицитот на тековната сметка на САД,…

  • Русите и оружјето: Самоуверено го држиме второто место

    Русите и оружјето: Самоуверено го држиме второто место

    Русија во 2016 година извезла оружје вредно повеќе од 15 милијарди долари и цврсто го држи второто место по извозот на војна опрема, вели претседателот…

  • Според Finance Think можни се три сценарија за трендовите на економијата во Македонија

    Според Finance Think можни се три сценарија за трендовите на економијата во Македонија

    Finance Think оценува дека најновите податоци за економските трендови во Македонија покажуваат понатамошни негативни последици од политичката криза врз економијата. Несомнено, политичката криза повеќестрано влијае…

  • Грците го чекаат април: Товарот не е само на Атина, туку и на кредиторите

    Грците го чекаат април: Товарот не е само на Атина, туку и на кредиторите

    Грчките власти ги изразија очекувањата дека во април ќе постигнат договор со меѓународните кредитори. Тие се надеваат и дека ќе ги надминат несогласувањата по повод…

  • Растат платите во Германија, трета година по ред

    Растат платите во Германија, трета година по ред

    Платите на работниците во Германија во 2016 година пораснаа трета година по ред, така што растот на реалната заработка изнесувал 1,8 проценти, соопшти агенцијата за…