Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,736.57 5.38%    BESK 11,970.93 5.66%    FERS 49,501.00 -1.33%    GRNT 792.81 3.17%    KMB 2,803.59 3.17%    MKSD 250.00 23.76%    MPT 29,891.18 1.48%    MTUR 4,000.00 0.25%    OHB 6,025.00 9.55%    OKTA 4,200.00 0%    PPIV 39,000.00 1.57%    RZIT 25.00 0%    RZLV 90.00 5.88%    RZUS 182.99 2.75%    SBT 1,822.00 2.94%    STB 889.92 0.02%    STIL 148.29 0.36%    TEL 250.00 0%    TETE 1,448.47 3.46%    TKVS 2,800.00 5.74%    TNB 12,759.93 6.25%    TPLF 1,737.36 -1.23%    TTK 799.80 0.02%    UNI 2,259.88 1.89%    VROS 14,000.00 514.04%    ZILU 158.00 2.6%    

Бразилско расипано месо, заразено со салмонела, повлечено од меѓународните пазари

Време: 14:58

Датум: март 20, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Масовни проверки почнаа да се вршат во погоните на производителите на месо во Бразил поради сигнали за корупција, кои се поврзани со извоз на расипано месо, заразено со салмонела, а кое се продавало во земјата и во странство.

Две од трите големи месопреработувачки компании кои извезуваат стока во светот – JBS и BRF, се во фокусот на проверките.

Според властите во Бразил, над 30 месопреработувачи во земјата им плаќале поткуп на инспекторите, кои го проверувале квалитетот на производите. Некои од месните производи се користат во кујните на јавни училишта, велат од полицијата.

Има податоци дека некои од производите се нашле на италијанските и на шпанските пазари, објави во понеделникот CNN.

Над 1.100 агенти се ангажирани во акцијата наречена “Операција на лошо месо”.

Билансот од истрагата изнесува 309 судски наредби, 194 налози за претрес, 27 уапсени и 77 полициски сослушувања.

Приведени се двајца вработени на JBS и тројца од BRF. Веста беше пречекана со бес во општеството во Бразил, што јасно покажува за нетрпеливоста кон раширената корупција во земјата, која ги зафати и највисоките нивоа на власта. Граѓаните на социјалните мрежи #CarneFraca (лошо месо), ги посочија корпорациите и политичарите вмешани во скандалот.

По скандалот, акциите на JBS поевтинија за 10 отсто на крајот на минатата недела, а оние на BRF се намалија за 7 проценти.

Од JBS – најголемиот преработувач на месо во светот, наведуваат дека ги почитуваат меѓународните стандарди и ја поддржуваат секоја мерка дури и евентуалното казнување на оние кои не се во согласност со регулативите.

Компанијата изразува целосна доверба во својот производствен процес. Вработените кои се испрашувани за случајот, немаат стратешка улога во врска со квалитетот на производството. Масовната акција е кулминација на истрагата, која траеше цели 2 години.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Производството на француско вино може да опадне до рекордно ниско ниво

    Производството на француско вино може да опадне до рекордно ниско ниво

    Француското производство на вино може да се намали за 17% во оваа година до рекордно ниско ниво, откако во текот на пролетта мраз нанесе штета…

  • Македонска владина делегација во официјална посета на БиХ

    Македонска владина делегација во официјална посета на БиХ

    Македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Свечениот пречек ќе се одржи на платото…

  • Spiegel: Германски производители на автомобили со децении дејствувале во картел

    Spiegel: Германски производители на автомобили со децении дејствувале во картел

    Пет германски автомобилски компании од 90-тите години на минатиот век ги усогласиле активностите спрема технологијата, цените, добавувачите и дури за монтирањето на механизми за прочистување…

  • Светските банки ќе платат најмалку 270 милијарди долари за своето однесување при кризата

    Светските банки ќе платат најмалку 270 милијарди долари за своето однесување при кризата

    Пред деветте години по глобалната финансиска криза американските и европските инвестициски банки издвоиле резерви за 273 милијарди долари за казни и други судски трошоци поврзани…

  • Од 30 минути до еден час се чека на Богородица и Дојран

    Од 30 минути до еден час се чека на Богородица и Дојран

    Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, на граничниот премин Богородица се чека еден час, додека на граничниот премин Дојран околу 15 до 30…

  • Денес продолжува расправата за ребаланс на Буџетот

    Денес продолжува расправата за ребаланс на Буџетот

    Денес во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да продолжи расправата по ребалансот на Буџетот за 2017 година предложен од Владата. Расправата почна во…

  • График на денот: Земјите со најсилно влијание на „меката сила“

    График на денот: Земјите со најсилно влијание на „меката сила“

    Американскиот политиколог Џозеф Ни за првпат го воведува терминот „мека сила“ во 1990-та година. Тој ја опишува способноста за привлекување и убедување на другите, наместо…

  • Клиниките ќе набавуваат пижами, постелнина, ќебиња, душеци

    Клиниките ќе набавуваат пижами, постелнина, ќебиња, душеци

    За потребите на јавните здравствени установи – универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар – Скопје, на Бирото за јавни набавки објавен е оглас за јавна…

  • Бектеши – Ромео: Самитот во Трст е добар исчекор во економското поврзување на земјите од Западен Балкан

    Бектеши – Ромео: Самитот во Трст е добар исчекор во економското поврзување на земјите од Западен Балкан

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео. Министерот Бектеши истакна дека Италија е важен трговски партнер на…

  • Турција стави 700 германски компании на црната листа

    Турција стави 700 германски компании на црната листа

    Турција им доставила на германските власти список со над 680 компании осомничени за поддршка на тероризам, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор во службите…