20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕдно прашање и ја уништило секоја шанса да ја добие работата: Дали...

Едно прашање и ја уништило секоја шанса да ја добие работата: Дали и вие би го поставиле?

Главната причина поради која сите работиме се парите. Не, тоа не значи дека само ќе се појавиме на работа и ќе добиеме плата. На работа одиме за да ја заработиме платата и нема ништо лошо во тоа парите да ни се главна мотивација.

Сепак, тоа не значи дека само затоа што имате некоја безвезна работа треба да бидете среќни и со тоа да се задоволувате. Целосно чудна ситуација и се случила на една девојка која аплицирала за работа во компанијата „Skip The Dishes“, која се занимава со онајн нарачување на храна.

По првиот разговор кој го обавила со работодавците, Тејлор Барн прашалa нешто што е сосема логично – колкава ќе и биде платата?

„Здраво Викторија, би сакала да ви поставам уште едно прашање. Доколку би ме примиле на оваа позиција, колку ќе ме плаќате по час? Дали празниците ќе бидат пресметани? Извинете, едноставно би сакала тоа прво да го знам. Однапред ви благодарам и пријатен ден“, пишувало во нејзината порака упатена до жената која со неа го обавила првиот разговор.

Меѓутоа, одговорот кој го добила од Викторија Карас не го очекувала.

„Здраво Тејлор, твоето прашање открива дека твоите приоритети не се во согласност со политиката на нашата куќа. Поради тоа го откажуваме состанокот кој во четврток го договоривме со тебе. Поздрав.“

Кога ја твитувала преписката со компанијата многумина ја поддржале, но имало и од оние кои сметале дека премногу рано прашала за платата.

Што мислите вие – кога е вистинското време да прашате за платата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП