24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPSA: Opel ќе ни помогне да завладееме со светот

PSA: Opel ќе ни помогне да завладееме со светот

Купувањето на „Opel“ и дава на француската група „PSA Peugeot Citroen“ можност да започне со глобална експанзија, призна еден од сопствениците нејзиното Жан-Филип Пежо во интервју за „Die Welt“. „PSA“ ја откупи германската компанија од „General Motors“ за 2,2 милијарди евра.

„Тоа ќе ни овозможи да го покориме останатиот свет чекор по чекор. Тоа е целта пред „PSA““, вели Жан-Филип Пежо, кој разговараше со новинари заедно со братучед му Робер Пежо.

Наследниците на фамилијата Пежо држат 13,7% од капиталот на групата, но 22.2% од акциите со право на глас. За 13.7% имаат исто француската држава и кинеската „Dongfeng Motor“.

Според Робер Пежо купувањето на „Opel“ e клучно, бидејќи, иако германската компанија не е од најголемите производители, таа е фокусирана на истите пазари како „PSA“ и тоа ќе им овозможи на групата да реализира големи заштеди од синергијата.

Многу набљудувачи се загрижени дека токму големата зависност на трите марки од европскиот пазар го крие главниот ризик за иницијативата. Робер Пежо сепак смета дека „Peugeot“, „Citroen“ и „Opel“ не си пречат и не се натпреваруваат едни со други. „„Opel“ е силен на пазари каде „PSA“ присуствува слабо … Нема посебен ривалитет меѓу овие брендови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП