16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПочина креаторот на лада Нива

Почина креаторот на лада Нива

Неколку седмици пред 40-тиот јубилеј, на еден од најуспешните советски автомобили на сите времиња ВАЗ-2121( лада Нива), почина неговиот главен конструктор Пјотр Михајловиќ Прусов, објавија во понеделникот од Волжката фабрика за автомобили.

Прусов учествува и во развојот на други популарни “лади” како 2110, 2115, CAU и Kalina, а потоа тој се вработува во ВАЗ во 1970 година веднаш по завршувањето Запорошкиот машински институт. Само 2 години подоцна е назначен за главен конструктор на проектот ВАЗ-2121 Нива.

Независно од успесите Пјотр Михајловиќ има прилично трезвени проценки за креациите. Во биографијата на инженерот се забележува неговата изјава на адреса на ладата Нива, односно дека “возилото не е како коњак и не станува подобро со годините”.

Во 1998 година Прусов станува главен конструктор на АвтоВАЗ. Во 2003-та се пензионира, но останува водечки инженер-конструктор на одделот за хомологација, а во последните месеци од својот живот е советник на потпретседателот за прашањата на вработените и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП