Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

График на денот: Која земја е лидер по патенти за иновации?

Време: 11:24

Датум: март 20, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Патентниот систем е огромен двигател на технолошкиот напредок од 19-ти век до денес, коментира „HowMuch.net“. Ова важи особено за високо-технолошките компании, каде што способноста да добиеш од иновацијата е всушност разликата помеѓу тоа да успееш и да паднеш.

Денешниот график покажува дека водечката позиција на САД во светот на патентите е толку силна што многу од државите во земјата надминуваат цели држави, и тоа конкуренти – Јапонија е единствената земја која се доближува до резултатите на САД како целина.

Одделните Американски Држави се прикажани во централниот круг на табелата, како и во секој еден од нив е внесен бројот на регистрирани патенти. На скалата на државите се одразува вкупниот број патенти, а бојата – бројот на глава на жител. Податоците се земени од службата за патенти и трговски марки во САД и ги вклучуваат патентите од 1977-ма до 2015-та година.

На челно место е Калифорнија (638.358 патенти), а потоа следат Њујорк (222.328) и Тексас (193.631).

Со тоа Калифорнија излегува пред Германија, која со 365.627 патенти е на трето место по Јапонија. Њујорк и Тексас ја надминуваат Јужна Кореја, која е на четврта позиција со 166.353 патенти.

Всушност излегува дека топ 10 држави во САД ги надминуваат по патенти сите останати 10 водечки земји, со исклучок на Јапонија, што говори многу за водечката позиција на САД. Сите 50 држави, пак држат вкупно 3,03 милиони патенти, а тоа е речиси три пати повеќе од Јапонија со 1,07 милиони патенти, и осум пати повеќе од Германија.

Водечките 10 земји во овој поглед се:

1. САД (3.030.080 патенти)

2. Јапонија (1.069.394)

3. Германија (365.627)

4. Јужна Кореја (166.353)

5. Тајван (162.732)

6. Обединетото Кралство (140.227)

7. Франција (139.866)

8. Канада (123.904)

9. Италија (62.148)

10. Швајцарија (57 135)

Каде се наоѓа Кина? Не толку импресивно, за да присуствува на картата, но сепак е релативно добро. Земјата ја зазема 12-та позиција во меѓународната класификација за вкупен број патенти – пред Израел и по Шведска.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Умерен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини

    Умерен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини

    Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На…

  • ММФ вети борба за намалување на глобалната нерамнотежа

    ММФ вети борба за намалување на глобалната нерамнотежа

    Земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ветија дека ќе работат на тоа да се намали глобалната нерамнотежа, но изостана нивното старо ветување дека ќе се…

  • Илјадници научници ширум светот излегуваат на улица во одбрана на својот труд

    Илјадници научници ширум светот излегуваат на улица во одбрана на својот труд

    Илјадници научници ширум светот одлучија во сабота да излезат на улиците за да протестираат против нападите врз науката, кои, како што велат, се засилуваат во…

  • Лондон е најскап град во Европа за издржување на еден вработен

    Лондон е најскап град во Европа за издржување на еден вработен

    Лондон е најскап град во Европа за бизнисот од перспектива на трошоците за домување и работно место на еден вработен, покажуваат податоците на консултантската компанија…

  • Гевгелија утре гласа за или против рудниците

    Гевгелија утре гласа за или против рудниците

    Точно 19.300 граѓани на Гевгелија на 23 април ќе се изјаснуваат на референдум, за прашањето „Дали сте за или против отворање нa рудници на металични…

  • ЕЛЕМ: Поскапување на сметките за струја нема да има

    ЕЛЕМ: Поскапување на сметките за струја нема да има

    Поскапување на сметките за струја нема да има, и покрај купувањето на скапа струја во изминатиот период. „Струја извезовме во ноември и во декември, во…

  • График на денот: И покрај напорите на ОПЕК, пазарот на нафта не оди нагоре

    График на денот: И покрај напорите на ОПЕК, пазарот на нафта не оди нагоре

    За помалку од еден месец, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците ќе донесат одлука со што ќе се утврди краткорочната иднина на…

  • Кина станува водечки производител на ГМО семе во светот?

    Кина станува водечки производител на ГМО семе во светот?

    Спојувањето на кинеската државна агрохемиска компанија „ChemChina“ и швајцарскиот производител на генетски модифицирани семиња „Syngenta“, во вредност од 43 милијарди долари, би требало да ја…

  • Домашната валута ја губи довербата поради политичката криза

    Домашната валута ја губи довербата поради политичката криза

    Од почетокот на политичката криза граѓаните се почесто се одлучуваат да штедат во странска валута наспроти штедењето во денари покажува најновиот извештај на Народна банка…

  • Интензитетот на сообраќајот умерен, коловозите влажни

    Интензитетот на сообраќајот умерен, коловозите влажни

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во…