Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 792.96 -2.5%    KMB 2,700.48 -0.87%    OKTA 4,100.00 0.6%    STB 910.00 -2.44%    STIL 136.00 -2.76%    TETE 1,927.00 9.71%    TPLF 1,794.00 -2.97%    UNI 2,206.50 5.07%    

Популаризација на АРМ во средните училишта

Време: 11:27

Датум: март 20, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министеството за одбрана и Армијата на Република Македонија во понеделник во осум средни училишта во Велес, Прилеп, Центар, Гостивар, Стумица и во Штип ќе го почнат проектот за популаризација на воениот позив за служба во АРМ, кој ќе се реализира до крајот на април во средните училишта низ Македонија.

Училиштата ќе ги посетат претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на АРМ, кои ќе ги информираат средношколците за условите за прием во службата, нивните обврски и за големиот број придобивки од службата во АРМ.

„На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат можност да се информираат за сето она што нив ги интересира од областа на професијата војник. Основната цел на проектот е запознавање на младите лица во Македонија со војничката професија, како и зголемување на нивниот интерес за, најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ. Со зголемување на бројот на пријавени лица на овие огласи се одржува и зголемува и квалитетот на изборот на идните припадници на Армијата“, соопштија МО и АРМ.

Проектот ќе се реализира во средните училишта: „Јовче Тесличков“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес; „Ристе Ристески­Ричко“ во Прилеп; „Јосип Броз­Тито“ во Центар; „Гостивар“ во Гостивар; „Јане Сандански“ во Струмица и „Сергеј Михајлов“ и „Коле Нехтенин“ во Штип

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Постарото население во Европа ќе ги ограничи активностите на ЕЦБ

    Постарото население во Европа ќе ги ограничи активностите на ЕЦБ

    Се поголемиот број на постаро население во Европа ќе ги ограничи политиките на Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа е запишано во анализа на централната банка…

  • Во Грција уапсен “мозокот” на мрежата за перење пари преку виртуелната валута “Биткоин”

    Во Грција уапсен “мозокот” на мрежата за перење пари преку виртуелната валута “Биткоин”

    Во Грција, полицијата уапси еден руски државјанин под обвинение дека е „мозокот“ на мрежата за перење пари со помош на виртуелната валута биткоин, преку која…

  • Двајца починати од тешка заразна болест, дали треба да стравуваме од ширење на вирусот?

    Двајца починати од тешка заразна болест, дали треба да стравуваме од ширење на вирусот?

    Двајца мажи од Гостиварско починале од тешка заразна болест на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор лица што се во крвно сродство, но засега од…

  • АМСМ: Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градовите

    АМСМ: Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градовите

    Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема…

  • Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд и појава на грмежи, особено во северните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен…

  • Новите дизел и бензински возила ќе бидат забранети во Британија од 2040 година

    Новите дизел и бензински возила ќе бидат забранети во Британија од 2040 година

    Новите дизел и бензински возила ќе бидат забранети во Велика Британија од 2040 година во обид земјата да се справи со загадувањето на воздухот, објави…

  • Кина ќе ги претвори сите гигантски државни компании во акционерски

    Кина ќе ги претвори сите гигантски државни компании во акционерски

    Сите големи кинески компании во сопственост на владата, ќе бидат регистрирани како друштва со ограничена одговорност или акционерски компании до крајот на годината во обид…

  • Која телевизија е најпрофитабилна и најгледана во Македонија?

    Која телевизија е најпрофитабилна и најгледана во Македонија?

    Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година. Во оваа анализа се…

  • Британската економија се претставува слабо и во вториот квартал

    Британската економија се претставува слабо и во вториот квартал

    Економијата на Велика Британија продолжува да се презентира слабо, иако растот се забрзува благо во вториот квартал за 0,3% на квартална основа. Во периодот јануари-март…

  • За констатирана незаконитост да нема забрана за вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена

    За констатирана незаконитост да нема забрана за вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена

    Пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието предлагаат измени на Законот за изменувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања по скратена постапка, со кое се…