Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,707.16 0.11%    BESK 9,518.00 -4.73%    FERS 56,000.00 0%    GRNT 830.00 0%    KMB 3,080.91 -1.75%    MPT 28,853.20 -0.19%    PPIV 37,500.00 0%    RMDEN13 96.00 0%    RMDEN16 94.50 0%    SBT 2,080.00 2.97%    STBP 600.00 0%    STIL 150.08 -2.55%    TEL 284.57 0.55%    TTK 972.40 2.36%    UNI 1,999.20 -0.04%    VITA 7,562.00 7.08%    

Alitalia откажа 200 летови

Време: 10:55

Датум: март 20, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Италијанскиот авиопревозник Alitalia укина 40 отсто од летовите во денешниот распоред.

Авиокомпанијата ја објави листата со откажаните околу 200 летови, вклучувајќи до Брисел, Лондон и Франкфурт, пренесоа медиумите.

Министерството за транспорт потврди протестните дејствија кои влијаат сите италијански аеродроми, на веб-сајт, каде што е објавана и листа со претстојното прекин на работата во секторот.

„Alitalia“ прецизираше во петокот дека мерките се должат на четири часа штрајк на авиодиспечерите и 24-часовен штрајк на синдикатите кои работат во транспортниот сектор. Врските, планирани за утринските и попладневни часови ќе бидат реализирани сопед, така што ќе се користат поголеми авиони за превоз на можно повеќе патници во внатрешни и меѓународни правци.

Во меѓувреме синдикатите повикаа на поширока мобилизација во знак на протест против отпуштањата кои ги објави како дел од голем план за реструктуирање на компанијата и зголемување на конкуренцијата со нискотарифните авиопревозници при правци со блиски дестинации.

Планот за заживување на превозникот предвидува скратување на 2.437 работни места, од вкупно 12.000 вработени, посочи синдикален извор, објавувајќи штрајк на 5-ти април.

„Решивме едногласно да објавиме штрајк на 5-ти април“, изјави генералниот секретар на синдикатот „Uiltrasporti“, Клаудио Тарлаци. Тој го опиша застапениот план од раководството како „апсолутно недоверлив“.

Планирано е да бидат ослободени 2.037 вработени од земниот персонал, а потоа и 400 членови на летачки персонал, кои во моментов се на специјални договори, гарантирајќи им работата до крајот на 2017-та година.

Покрај тоа, компанијата има намера да ги намали за 28% платите на пилотите на средни растојанија, со 22 проценти на пилотите со средни и долги летови и со 32 проценти на стјуардите и стјуардесите.

Од 2.037 позиции кои ќе бидат затворени, 1.338 се на договори со неопределено време, 558 на определено време, а 141 се во странство.

Поради финансиските тешкотии италијански превозникот во средата усвои нов стратешки план, кој предвидува намалување на трошоците со една милијарда евра и кревање на прометот со 30 проценти до 2019-та година преку поконкурентни понуди кај кратките и средните релации.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Топ 10 најскапи американски компании

    Топ 10 најскапи американски компании

    „Alphabet“ – компанијата мајка на пребарувачот „Google“, веќе е втората американски јавна компанија, чија пазарна капитализација ја минува границата од 800 милијарди долари, на тој…

  • Netflix незапирлив: Приходите скокнаа 33 проценти

    Netflix незапирлив: Приходите скокнаа 33 проценти

    Приходите на „Netflix“ во последниот минатогодишен квартал достигнаа 3,3 милијарди долари, 33 проценти повеќе отколку една година претходно, а поради силниот скок и на бројот…

  • Adobe ја зголеми прогнозата за прилагодената заработка

    Adobe ја зголеми прогнозата за прилагодената заработка

    „Adobe Systems“, инвеститорот на „Photoshop“, ја зголеми прогнозата за приспособен профит за тековното тромесечје и за фискалната година, наведувајќи дека се очекува нејзината ефективна даночна…

  • Sanofi го купи својот конкурент Bioverativ за 11,6 милијарди долари

    Sanofi го купи својот конкурент Bioverativ за 11,6 милијарди долари

    Француската фармацевтска група „Sanofi“ договори купувањето на американскиот конкурент, специјализиран во третманот на хемофилија, „Bioverativ“ за 11,6 милијарди долари, што според компанијата ќе го зајакне…

  • UBS ќе откупи акции за 2,1 милијарди долари

    UBS ќе откупи акции за 2,1 милијарди долари

    Најголемата институција за управување со капитал во светот – „UBS Group AG“, ќе купи назад акции во вредност од 2 милијарди швајцарски франци (2,1 милијарди…

  • Советите на работниците и заштедија на Audi 110 милиони евра

    Советите на работниците и заштедија на Audi 110 милиони евра

    Германската компанија „Ауди“ минатата година заштедила 110 милиони евра благодарение на сугестиите и советите од работниците во фабриките во Инголштат и Некарсулм. Веќе 50 години…

  • Продавницата на Amazon без каси ги отвора вратите (видео)

    Продавницата на Amazon без каси ги отвора вратите (видео)

    Американскиот технолошки концерн „Amazon.com Inc“ ќе отвори продавница за намирници за пошироката јавност по повеќе од една година тестирање, експеримент кој може драматично да ја…

  • „Alitalia ја продаваме, не ја подаруваме“

    „Alitalia ја продаваме, не ја подаруваме“

    Италијанската влада не е задоволна со понудата која за Alitalia ја даде германскиот гигант Lufthansa. „Мислиме дека понудата треба значително да се подобри, ние сакаме…

  • Nintendo бележи нови рекорди на пазарот за видео-игри во САД

    Nintendo бележи нови рекорди на пазарот за видео-игри во САД

    „Nintendo Switch“ ужива одличен успех во 2017-та година. Јапонскиот гигант за видео игри продаде скоро 3 милиони конзоли во месецот во кој ги пушти во…

  • Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

    Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

    Американската технолошка компанија „Amazon“ избрала 20 градови и региони, вклучувајќи еден во Канада, за изградба на втора централа за која се тврди дека ќе генерира…