Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Македонската храна популарна на странските интернет портали

Време: 22:27

Датум: март 18, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Пробајте боза, ракија и вино, пинџур, макало, биено сирење и шкембе чорба, научете како се прават традиционални домашни пецива, наведува Интрепид травел во написот „Македонија: земја на питите, страста и изобилството“. Авторите на оваа своевидна репортажа најпрво го пренесуваат искуството од престојот во Маврово и зборуваат за превкусните тиганици што домаќините им ги подготвиле за доручек.

Воодушевени се и од мармаладот од сливи, ајварот, црвениот вранец,… ­ Кога ќе седнете на софра, веднаш ви станува јасна поврзаноста на македонската кујна со земјоделството и локалното население. Пребогата е со зеленчук, најразлични бои и вкусови. Но, иако состојките во храната се типични за поднебјето, таа е микс од влијанијата на Балканот, Европа, Средниот Исток и Медитеранот, стои во написот.

Споделени се и гастро ­ доживувањата од посетата на Охрид, Јанче, како и од пчеларникот во Дихово. ­Зачудувачки и во исто време охрабрувачки е фактот колку и каква се храна може да се произведува, забележуваат авторите во разговорите со своите домаќини.

Тие си заминале од Македонија со тегла ајвар, традиционално сирење и мало шише ракија. – И, така, додека уживате во преубавото чувство што со себе сте понеле дел од Македонија, ви станува јасно без што не смеете да се вратите следниот пат, без чифт пошироки, еластични панталони, заклучуваат авторите.

Целата статија, објавена завчера, може да се прочита тука. Во нејзини рамки има и линк кој води до конкретна туристичка понуда со наслов „Истражете ги Македонија и Црна Гора преку вистинска храна авантура – од Скопје до Котор“. Се нудат, како што е наведено, кулинарски задоволства, а турата почнува со пикник на Треска. Следуваат посети низ македонски села, цркви, водопади.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европската агенција за лекови по Брегзит се сели во Амстердам

    Европската агенција за лекови по Брегзит се сели во Амстердам

    Со одлука на Советот на ЕУ, седиштето на Европската агенција за лекови ќе се сели во Амстердам. За ново седиште на ЕАЛ беа предложени 19…

  • Денес без струја ќе останат Јурумлери, Долно Лисиче, Етно село…

    Денес без струја ќе останат Јурумлери, Долно Лисиче, Етно село…

    Поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денес ќе останат: од 8.15 до 10.30 часот – корисниците од населбата Јурумлери, (општина Гази Баба)…

  • Бундесбанк: Индустријата продолжува да ја поддржува германската економија

    Бундесбанк: Индустријата продолжува да ја поддржува германската економија

    Германската економија продолжува да расте на крајот на годината благодарение на силната индустриска активност, соопштува централната банка Бундесбанк, цитирана од светските агенции. Компаниите во Сојузна…

  • 4.000 евра казна за инвеститор од Општина Карпош

    4.000 евра казна за инвеститор од Општина Карпош

    Пред дваесеттина дена комунални и градежни инспектори на Општина Карпош започнаа контрола на неколку поголеми градилишта на територија на општината со цел да се направи…

  • Скопје ја откажа новогодишната прослава, средствата ќе бидат донирани

    Скопје ја откажа новогодишната прослава, средствата ќе бидат донирани

    Се откажува пречекот на Новата 2018 година во Скопје. Средствата ќе бидат донирани. Ова го најави градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Градот.…

  • За субвенции за купување печки на пелети досега доставени 217 барања

    За субвенции за купување печки на пелети досега доставени 217 барања

    До денеска до 14 часот во архивата на Град Скопје се доставени 217 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на…

  • Во Грција започнаa онлајн аукции за имотот на должниците

    Во Грција започнаa онлајн аукции за имотот на должниците

    Имотот на должниците ќе се продаваат на онлајн аукции во Грција, кои ќе стартуваат кон крајот на овој месец, пишува весникот „Иефимерида“, цитирано од светските…

  • СКМ: Македонија за пет години ќе се соочи со дефицит на сметководители

    СКМ: Македонија за пет години ќе се соочи со дефицит на сметководители

    Бројот на сметководители во Македонија значително се намалува. Причината е во тоа што младите не сакаат да се занимаваат со сметководствени услуги, што може да придонесе…

  • Под мотото „Сите сме нивни деца“ одбележана Неделата за грижа на стари лица

    Под мотото „Сите сме нивни деца“ одбележана Неделата за грижа на стари лица

    Под мотото „Сите сме нивни деца“ се одбележа Неделата за грижа на стари лица, во организација на Црвениот крст на Град Скопје. На одбележувањето присуствуваше…

  • Општина Карпош додели социјални пакети за ранливите категории

    Општина Карпош додели социјални пакети за ранливите категории

    Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, поделил дел од пакетите со прехранбени продукти, кондиторски производи и средства за хигиена на социјално – загрозените домаќинства од…