19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW и Mercedes ќе кратат модели

BMW и Mercedes ќе кратат модели

„BMW“ и „Mercedes“ планираат сериозно намалување на гамата на модели, прогнозира списание „Car and Driver“, цитирајќи високи извори од двете компании.

„Сега претстои појавата на „Х2“ и „Х7“, по нив ќе има и уште нови модели, но веќе сме одлучиле дека во иднина ќе се лишиме од други модели“, објасни шефот за продажба во „BMW“, Иан Робертсон пред „Car and Driver“. Според него, во моментов побарувачката на кабриолети во светот е во криза, а и купувачите преферираат автомобили со четири врати.

Робертсон даде пример со „Z4“ – најмалку продаваниот модел на „BMW“ во САД за 2016-та година – 1187 продадени автомобили, пад од 35,1% во однос на 2015-та година.

„Затоа и работиме со „Toyota“ во создавањето на заедничка платформа за да се постигне заштеда кога работиме во поголем обем“, додаде Робертсон.

Слични мотиви посочи и шефот на Mercedes Дитер Цетче. „Конкретно модели, како купе и кабриолет, ќе бидат отстранети од нашата гама“, изјави тој за „Car and Driver“. „Експанзијата во Кина и на други пазари во развој овозможи пораст во продажбата на седани, но не и на овие модели“.

Во последните години се забележува интересен тренд кај германските производители – тие се насочуваат кон развојот на нови модели седани и кросовер, за сметка на купето и кабриолетот.

На пример „Mercedes“ развива „AMG GT“ седан, следната генерација „CLS“, како и заменик на „G-Class3. А во „BMW“ напорно работат на новата „тројка“. Сепак симпатизерите на купе и кабриолет возила не би требало да се сериозно загрижени – тие нема целосно да исчезнат од спектарот на „BMW“ и „Mercedes“. Баварците работат заедно со „Toyota“ врз „Z5“/„Supra“, освен тоа отворената верзија на „i8“ веќе се тестира. Во напредна фаза е и развојот на наследниците на „шестката“ во верзиите „Coupe“ и „Cabrio“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП