29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo најмалку двапати го зголемува производството на Switch?

Nintendo најмалку двапати го зголемува производството на Switch?

„Nintendo“ одлучи да го зголеми барем двојно планираното производство на конзолата „Switch“ во рамките на фискалната година што завршува во март 2018-та година, повикувајќи се на силната побарувачката, тврдат извори запознаени со плановите на компанијата.

Ова укажува дека „Switch“, која беше пуштена во продажба во целиот свет на 3-ти март, ја ужива истата инерција, како популарниот систем „Wii“ пред една деценија. Ако тоа навистина е така, таа ќе го обезбеди така потребниот поттик кој и е потребен на компанијата, откако претходната нејзина конзола „Wii U“ не успеа да ги исполни очекувањата.

„Switch“, хибриден производ создаден за користење како дома, така и надвор, тешко се наоѓа во продавниците, откако беше пуштен во продажба. „Nintendo“ не ги откри официјално податоците за продажбата, но нејзиниот дел во Северна Америка го опиша почетниот поттик како најсилен во историјата на компанијата.

Во фискалната година која започна во април 2017-та година, поддоставувачите кои работат со „Nintendo“, планираат да произведат 16 милиони или повеќе конзоли „Switch“. Тоа е повеќе во однос на првичниот план за 8 милиони единици, тврдат извори запознаени со плановите. „Nintendo“ верува дека може да продаде повеќе од 10 милиони примероци во 12-месечниот период, дополнуваат изворите. На овој начин компанијата може да ги надмине очекувањата на многу аналитичари.

Портпаролот на „Nintendo“ одбива да коментира во врска со ова прашање.

Главниот извршен директор на „Nintendo“, Тацуми Кимишима изјави дека компанијата ќе продаде 2 милиони примероци во целиот свет во овој месец, но извор, запознаен со производството, тврди дека бројот ќе достигне 2,5 милиони и повеќе.

„Nintendo“ планира да ја коментира мартовската продажба на „Switch“ и прогнозата за следната година, кога ги објави последните финансиски резултати на 27-ми април.

Продажбата на „Switch“ ќе се зголеми кога ќе бидат пуштени и повеќе игри. „Nintendo“ ги задржи дел од најпопуларните франшизи за подоцнежна фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП