23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi постепено ги открива новите A6, A7 и A8

Audi постепено ги открива новите A6, A7 и A8

Главниот дизајнер на „Audi“ – Марк Лихте, им овозможи на новинарите да видат како ќе изгледа предницата на трите од нови модели на неговата компанија – „А6“, „А7“ и „А8“. Пред француското издание „L’arqus“ тој откри дека автомобилите ќе имаат заеднички стил, но истовремено ќе се разликуваат значително еден од друг.

На прв поглед возилата се речиси исти, а дизајнот им е целосно подреден на изгледот кој е користен при последните модели на марката. Ова се должи најмногу на 6-аголната решетка на ладилникот, која сепак ќе има свои особености кај секој од моделите.

Кај новото „Audi A6“ таа ќе е во наједноставна варијанта – со хромирани рабови и неколку хоризонтални линии. Решетката на „А7“ ќе добие претежно црни мат елементи, а ќе биде комбинирана со поагресивна оклоп и поекспресивен капак на моторот.

Овој елемент најмасовен ќе биде кај предводникот на брендот – „А8“, каде што ќе се користи многу хром. Од овој метал ќе бидат направени и контурите на големите отвори за воздух во предниот браник, целта е јасна – погледот од напред на лимузината треба да изгледа најимпресивен.

Разлики ќе има и во главната оптика. Кај „А6“ и „А8“ ќе се потпира на „L“-облик на главните светла кои сепак се наоѓаат на различен начин кај двете машини. Доста агресивна ќе биде оптиката на новото „Audi A7“, а според Лихте целта е трите машини да имаат заеднички концепт, но дури и со голо око да се резликуваат еден од друг.

Прв од новите модели ќе дебитира предводникот „Audi A8“, чие официјално деби ќе се одржи на автосаемот во Франкфурт наесен. „Audi A6“ и „A7“ ќе се појават пред публиката во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП