Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,750.00 -0.67%    BESK 10,071.76 -1.98%    CEVI 1,099.00 -3.93%    GRNT 809.72 -0.03%    KMB 3,356.57 -0.98%    MTUR 4,300.00 2.38%    RMDEN16 94.90 0%    RZLV 51.00 2%    STB 940.49 -0.04%    STBP 601.00 0.17%    STIL 138.00 -0.74%    TEL 295.44 -1.52%    TETE 2,299.47 0.56%    TKVS 3,100.00 -0.32%    TPLF 1,699.87 3.03%    TTK 953.00 0.63%    UNI 2,050.00 0%    

ЕВН ќе ја води имплементацијата на енергетскиот менаџмент во компаниите

Време: 16:21

Датум: март 17, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Воведувањето на систем за управување со енергија и имплементација на стандарот ИСО 50001 во компаниите беше главна тема на работилницата која се одржа во Стопанската комора на Македонија. На работилницата учествуваа 11 компании од Македонија, селектирани клиенти на ЕВН Македонија, со просечна потрошувачка од 3 GWh годишно.

Работилницата е дел од проектот„Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии” кој што се спроведува од страна на РЕЦ Канцеларија во Македонија, а со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и контрибуција обезбедена од страна на UNIDO, РЕЦ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, USAID и Македонската банка за поддршка на развојот.

ЕВН Македонија учествува во втората фаза на програмата за спроведување систем за управување со енергија со цел имплементација на стандардот ИСО 50001 во компанијата, а ќе обезбеди и помош на свои клиенти што ќе изразат интерес. Главната цел е ЕВН Македонија да продолжи со имлементирање на програмата во улога на репликатор и по завршувањето на проектот, со цел македонските компании да добијат соодветна експертиза од оваа област која во крајна линија ќе значи подобрување на нивната конкурентнсот и ќе ја зголеми енергетската ефикасност во сите нивоа од работењето на компаниите.

„Наша цел е да бидеме партнер на компаниите во воведувањето напредни технологии и стнадарди што ќе значи посилни компании кои ќе креираат развој во општеството“, истакна Штефан Петер, претседател на Бордот на директори на ЕВН Македонија.

Учесниците на работилницата ги претставија своите компании и изразија интерес за вклучување во програма за градење на капацитетите за примена на системот за управување со енергија. На работилницата се дискутираа модалитети за техничка помош на избраните клиенти на ЕВН Македонија.

Во следниот период ќе се остварат поединечни средби со менаџментот на компаниите со цел да се дефинираат следни чекори за можно приклучување во програмата за репликација на проектот за воведување систем за управување со енергија според стандардот ИСО 50001.

Во рамките на работилницата свое обраќање имаа и Билјана Пеева – Ѓуриќ, директорка на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Република Македонија, и Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Ана Петровска од РЕЦ Македонија и национален раководител на проектот, го претстави проектот за поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија.

По воведните излагања, тројца национални консултанти за енергетска ефикасност, кои беа сертифицирани во рамки на проектот, ги претставија досегашните резултатите од спроведувањето на проектот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street ја започнa сесијата со зголемувања

    Wall Street ја започнa сесијата со зголемувања

    Индексите на „Wall Street“ ја отворија денешната седница со зголемување благодарение најмногу на поддршката на технолошките компании и во очекување на извештајот од средбата на…

  • Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

    Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

    Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, но тие треба да исполнат одредени услови кои се потребни за влез во Унијата. Поради…

  • ОПЕК објави побрзо намалување на заситеноста на нафтата

    ОПЕК објави побрзо намалување на заситеноста на нафтата

    Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и дел од земјите производители надвор од неа (познати заедно како група „ОПЕК +“) утврдиле дека презаситеност на…

  • Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

    Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

    Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ организира втора научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија“.  Оваа трибина за разлика од првата,…

  • Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

    Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

    Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби и истите планира да ги лоцира во периферните делови, како на пример Бардовци и Злокуќани,…

  • Индустрија за мебел: дивите мајстори најголем проблем

    Индустрија за мебел: дивите мајстори најголем проблем

    Едни плаќаат даноци и придонеси а други работат на диво и им ги земаат муштериите. Производителите на мебел се жалат на нелојална конкуренција. Дивите мајстори…

  • 30 отсто повисоки плати за шумските полицајци

    30 отсто повисоки плати за шумските полицајци

    За 30 отсто ќе се зголемат платите на шумските полицајци. Одлуката ќе се применува по првиот ребаланс на Буџетот за 2018 година, информираше денеска портпаролот…

  • „Екогерила“: Бројот на болни деца двојно намален по затворањето на „Југохром“

    „Екогерила“: Бројот на болни деца двојно намален по затворањето на „Југохром“

    Бројот на болни деца со распираторни болести во Полошкиот Регион двојно се намалил по затворањето на фабриката „Југохром“ минатата година. Ако во 2015 година бројот…

  • Финска се прашува каде да ги чува конфискуваните биткоини

    Финска се прашува каде да ги чува конфискуваните биткоини

    Властите во Финска се обидуваат да пронајдат начин за складирање на речиси 2.000 биткоини што земјата ги заплени. Поголем дел од средствата кои во моментов…

  • Од 1 јуни директна авиолинија Варшава – Скопје

    Од 1 јуни директна авиолинија Варшава – Скопје

    Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа…