24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin ќе се соочи со Bentley со серија супер луксузни седани

Aston Martin ќе се соочи со Bentley со серија супер луксузни седани

Во 2015-та „Aston Martin“ го претстави луксузниот седан „Lagonda Taraf“ со кој ја прероди најпознатата подмарка. Сега од компанијата имаат амбиција да претстават цела палета на супер луксузни седани кои исто така ќе бидат означени со амблемот на „Lagonda“.

Според главниот извршен директор на „Aston Martin“ – Енди Палмер, тоа е начинот со кој „Aston Martin“ ќе се соочи директно против силната конкуренција во лицето на „Bentley“ и „Rolls-Royce“.

„Сметам дека „Lagonda“ може да стане многу значаен бренд во својот сегмент од пазарот“ – коментира Палмер. „Знаеме како да правиме добри автомобили, знаеме како да ги направиме и луксузни, а и знаеме како да правиме и продаваме седани, па го имаме потребното искуство“, додава тој.

Со евентуалната појава на нова палета на „Lagonda“, „Aston Martin Rapide“ најверојатно ќе биде запрен од производство и ќе биде заменет или од кросоверот „DBX“ кој го очекуваме на пазарот во 2019-та година, или од нов седан со брендот „Lagonda“.

Засега новите проекти не се во процес на развој, со исклучок на оригиналната „Lagonda“ која ја видовме во концептуален вид во 2015-та година. Палмер вели уште дека сите нови модели на компанијата ќе одбележат значаен технолошки напредок во однос на актуелната генерација модели на „Aston Martin“.

„Очигледно штетните емисии се од огромно значење во пазарниот сегмент во кој автомобилите поминуваат голем дел од својот живот во градовите“, коментира Палмер. „Започнуваме од нула, па сосема е можно новата палета да е радикално поинаква од досегашната. Прашање е на одлуки“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП