Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Oд октомври Eurowings ќе почне со летови од Скопје до Минхен

Време: 14:33

Датум: март 17, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

ТАВ Македонија најавува дека германската нискобуџетна авиокомпанија Eurowings, дел од  групацијата Lufthansa, ќе почне да лета на релација Скопје-Минхен од 31-ви Октомври 2017-та, поврзувајќи ги патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Франц Јозеф Штраус“ во Минхен – главниот аеродром во овој германски град. 

Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија два пати неделно во вторник и петок со воздухоплов од типот Airbus A320-200, со капацитет од 174 седишта. Како што информираат од Eurowings, продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15-ти март и е отворена на интернет, на веб-страницата на авиокомпанијата: www.eurowings.com.

„На наше големо задоволство денеска објавуваме отворање на уште една нова рута  од  аеродромот „Александар Велики“’ во Скопје, а истовремено и влез на уште една нискобуџетна авиокомпанија на македонскиот пазар. Eurowings ќе почне со летови на линијата Скопје – Минхен од 31-ви октомври оваа година обезбедувајќи им на патниците директна врска со главниот аеродром во Минхен. Македонските граѓани и сите наши патници од регионот ќе добијат дополнителна врска со овој германски град, како и нови можности за европски и интерконтинентални конекции, благодарение на кодшер договорот меѓу Луфтханза и компанијата-ќерка Eurowings. Оваа линија е директен доказ за успешното завршување на преговорите кои ги имавме со авиокомпанијата во изминатиот период и се надеваме дека ова е само почеток на нашата успешна соработка како и на инвестициите на Eurowings во Македонија“, изјави Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Минатиот месец аеродромскиот оператор по состанокот со претставниците на Eurowings, најави можност за воведување на нови авиолинии од Скопје до Германија, објаснувајќи дека е во процес на преговори со авиокомпанијата, и нагласувајќи дека ТАВ Македонија константно презема слични маркетиншки активности и има состаноци и преговори со авиокомпании и тур-оператори. Директен резултат на ваквите и слични активности, се новите летови кои ќе почнат оваа летна сезона од Охрид до полските градови Варшава и Катовице, како и влезот на најголемиот европски тур-оператор Томас Кук на македонскиот пазар, што се случи минатата 2016 година, благодарение на ТАВ, кога почнаа летовите на релација Брисел-Охрид.

„Со задоволство ја најавуваме нашата прва дестинација во Македонија – Скопје, и новата линија до Минхен. Оваа нова линија од Скопје до Минхен ќе оперира два пати неделно, секој вторник и секој петок, почнувајќи од 31-ви oктомври годинава. Скопје ќе стане една од нашите 150 дестинации, и очекуваме да инвестираме повеќе во Македонија и во регионот во иднина“, изјави Иван Ореч, директор за развој на мрежата на линии на Eurowings.

Eurowings со седиште во Келн е дел од групацијата Луфтханза и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Нивните авиони сообраќаат и во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.

ТАВ Македонија ги заврши првите два месеци од 2017 годија со зголемување на бројот на патници од 9 отсто, достигнувајќи 238.180 патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Минатата 2016 година ја заврши со 1,8 милион патници на двата аеродрома, при што порастот на годишно ниво е 15 проценти, додека истовремено бројот на летови беше 16.883, со зголемување од 8,9 отсто.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе размислува да воведе нови даночни намалувања со цел да ги поттикне компаниите да ги зголемат платите и да ги забрзаат капиталните…

  • Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ го намали долгорочниот рејтинг на британскиот долг од „А1“ до „Аа2“ со стабилна перспектива, објави „Ројтерс“. Причината е несигурноста поврзана со…

  • Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

    Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

    Туристичката индустрија во Кина се очекува да порасне за просечно 8% годишно од 2017-та до 2027-та година, пред другите големи економии, како што се Индија…

  • Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

    Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

    Граѓаните на земјите од ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година. Според податоците на Евростат, траењето…

  • Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

    Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

    Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија и како таков ќе го продава на жителите на многу загадените држави и градови како на пример Кина и Индија.…

  • За детски едукативни инсталации во Скопје ќе се потрошат 4,7 милиони денари

    За детски едукативни инсталации во Скопје ќе се потрошат 4,7 милиони денари

    Градот Скопје по спроведената постапка за јавна набавка и објавениот конкурс за избор на идејно решение и реализација на детски едукативни инсталации во парк „Македонија“,…

  • Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

    Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

    Британската премиерка Тереза Меј ги соопшти предлозите за двегодишниот транзициски период по излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година. Таа сака за…

  • Македонија – седиште на центарот за културна соработка меѓу Kина и 16 земји на Централна и Источна Европа

    Македонија – седиште на центарот за културна соработка меѓу Kина и 16 земји на Централна и Источна Европа

    На третиот форум за соработка помеѓу Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16+1), кој деновиве се одржа во Хангџоу, Кина, беше потпишан меморандум…

  • Доставени 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од пролетните мразеви

    Доставени 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од пролетните мразеви

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Бирото за судски вештачења, достави 13.580 барања за проценка на штетите од неповолните климатски настани (доцни пролетни мразеви),…

  • АВРМ со ново работно време

    АВРМ со ново работно време

    Од понеделник, 25 септември, работното време на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и нејзините подрачни центри ќе почнува во 7.30 часот, а ќе…