29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple iOS 11 – крај за речиси 200.000 aпликации?

Apple iOS 11 – крај за речиси 200.000 aпликации?

„Apple“ наскоро би можел да доведе до очај илјадници програмери на мобилни апликации кои моментално егзистираат од мобилната платформа „iOS“.

Имено, во текот на наредните месеци се планира ново издание. Од Купертино ќе биде претставен „iOS 11“ кој ќе има поддршка само и исклучиво за 64-битни апликации.

Веќе сега многу апликации се „обележани“ во рамките на „AppStore“ со порака дека нема да работи на идните верзии на „iOS“ мобилниот оперативен систем.

Се знае дека „Apple“ ќе се фокусира исклучиво на 64-битни процесори, што значи дека автоматски „iPhone 5S“ и сите стари модели испаѓаат од игра кога е во прашање надоградбата на „iOS 11“, но тоа сосема сигурно ќе биде помал проблем.

Значително поголем проблем ќе биде споменатата рефлексција на бројните програмери и нивните апликации кои со појавувањето на „iOS 11“ би можеле во целост да бидат неупотребливи.

Аналитичката компанија „Sensor Tower“ се потруди да дојде дури и до конкретни бројки. Доколку може да му се верува на нивниот извештај, дури 187.000 32-битни апликации преку ноќ би можеле да исчезнат од „AppStore“, оној момент кога „iOS 11“ ќе ја здогледа светлоста на денот.

Нормално, секогаш постои алтернативно решение. Доколку не можете да го замислите вашиот „iPhone“ или „iPad“ без некои од 32-битните апликации, тие нема да може да бидат надоградени од последната верзија на мобилниот оперативен систем на „Apple“.

Тоа би можело накратко да ви овозможи и натаму за ги задржите „топ апликациите“ или повеќето од нив, но и силната армија на програмери кои во голема мера живеаат од своите апликации кои би можеле да ја доживеат „iOS 11“ како персонификација или остварување на нивните ноќни мори.

Решението е продукција на нови 64-битни верзии на апликациите, но и тоа не е толку едноставно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП