Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Топ градови со најдобра инфраструктура во светот

Време: 13:00

Датум: март 17, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Некои од водечките градови во светот се соочуваат со сообраќајниот метеж и доцнење на возовите, додека другите се точни како часовници.

Во Анкетата за 2017-та за квалитетот на живеење од консултантската компанија „Мерсер“, објавена минатата недела, градовите се рангираат меѓу другото и според квалитетот на нивната јавна инфраструктура.

Рангирањето е врз основа на јавниот превоз, сообраќајниот метеж, и спектарот на меѓународни летови од локалните аеродроми, снабдувањето со електрична енергија, достапноста на водата, телефоните и поштенски услуги.

Погледнете кои се градовите со најдобра инфраструктура и погледот на тоа како јавниот превоз работи на различни локации низ светот:

19. Стокхолм, Шведска – Шведскиот град има подземна железница, како и голема мрежа на еко-пријателски автобуси. Подземниот Стокхолм е познат како „Најдолгата уметничка галерија во светот“, затоа што многу од нејзините станици имаат големи јавни уметнички инсталации.

19. Осло, Норвешка – Целиот јавен транспорт во Осло е дел од ист ценовен систем. Билетот важи за автобуси, трамваи, метрото, и фериброди во норвешкиот главен град.

19. Хелсинки, Финска – Како Осло, така и во Хелсинки еден билет е валиден во градот за трамваи, автобуси, метро и траект.

17. Виена, Австрија – Австрискиот главен град има добро познат јавен транспортен систем. Еден билет овозможува пристап до метрото, трамваите, локалните возови и автобуси. Виена работи на системот за чесност, што значи дека не постојат бариери за билетите или формални проверки.

17. Торонто, Канада – Торонто го има третиот по големина јавен транспортен систем во Северна Америка по Њујорк и Мексико Сити. Историската железничка станица „Унија“ е центарот на транспортната мрежа на Торонто.

16. Далас, Тексас, САД – Овој град во Тексас се сервира од „Dallas Area Rapid Transit“ системот. „DART“ (стрела) вклучува автобуси, лесна железница и трамвај услуги.

14. Монтреал, Канада – Монтреал има ефикасен метро транзитен систем, што е најдобар начин за движење во и околу градот.

14. Атланта, Џорџија, САД – Атланта ги користи услугите на „Марта“, брзо и ефикасно транзитен железнички систем во градот. Стартува од аеродромот во градот.

13. Париз, Франција – Париз има голема фреквенција во метро услугата, која има 16 линии што минуваат низ градот.

12. Јокохама, Јапонија – Вториот најнаселен град во Јапонија има добри врски со главниот град, Токио, како и мрежата на метрото и фериброд линковите.

9. Цирих, Швајцарија – Многу жители на швајцарскиот главен град избираат пеш да одат околу градот, а исто така има и автобуси, трамваи и возови, кои се движат од аеродромот.

9. Ванкувер, Канада – Градот се сервисира од страна на широк спектар на јавниот транспорт, вклучувајќи ги и јавните автобуси, брзата услуга на метрото, и крос-пристаниште за фериброди.

9. Хамбург, Германија – Како и во многу градови во Германија, јавниот транспорт во Хамбург е толку добар за тоа што се добива. Билетот им овозможува на корисниците пристап до мрежата „HVV“, кој ги опфаќа подземните, надземните, автобусите, возовите и фериброд услугите.

8. Сиднеј, Австралија – Системот за јавен превоз на Сиднеј има голема мрежа на возови, автобуси, и фериброд услуги, како и брзи линии за поврзување со аеродромот.

6. Лондон, Велика Британија – Лондон е светски познат по подземното метро низ целиот град, а транспортот е надополнет со голем возен парк од познатите црвени автобуси во главниот град.

6. Хонг Конг – Автономната територија има одлична јавна инфраструктура. Јавниот транспорт во Хонг Конг е меѓу најдобрите во светот. Автобуските линии покриваат најголем дел од областа, и таму се чести ферибродите меѓу островите кои ја сочинуваат територија. Исто така постојат и возови кон Кина и високо ефикасни подземни услуги.

5. Дизелдорф, Германија – Диселдорф е еден од трите германски градови во топ 5 места. Јавниот превоз кој ги вклучува автобусите, трамваите и метрото – се брзи, ефикасни и евтини.

4. Копенхаген, Данска – Јавниот транспорт во главниот град на Данска е сигурен и евтин. Еден билет има пристап до автобусите на вода, возовите и метрото.

2. Минхен, Германија – Минхен е вториот германски град кој се наоѓа во првите пет. Како Копенхаген, еден билет на корисниците им дава пристап до целата јавна транспортна мрежа, која вклучува „U-Bahn“ (подземна), „S-Bahn“ (приградски возови), трамваи и автобуси.

2. Франкфурт, Германија – Нема пречки во јавниот систем за превоз во Франкфурт, а како и Минхен, вклучува „U-Bahn“, „S-Bahn“ и трамвајска мрежа.

1. Сингапур – Сингапур е светски познат по многу ефикасниот и супер-брзиот јавен превоз. Жителите масивно го користи системот за брз воз (МRТ). „МRТ“ има 106 станици и е вториот најстар метро систем во југо-источна Азија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

    Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека ова е негова прва посета на земјава и дека имал…

  • ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

    ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

    Уделот на лоши заеми во банките на Европската унија се намалува, но останува висок. Ова беше објавено од страна на Европската комисија, кога подготвува мерки…

  • Укината забраната за тешки товарни возила на патот Лисец – Попова Шапка

    Укината забраната за тешки товарни возила на патот Лисец – Попова Шапка

    Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка е укината во 15 часот, информира АМСМ. Забраната беше воведена…

  • Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

    Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

    Нема централна банка во светот, која ќе даде апсолутно точни предвидувања, но кога станува збор за клучен индикатор, каков што е инфлацијата, Централната банка на…

  • Како до помали сметки за греење? Едноставни совети кои секој може да ги примени!

    Како до помали сметки за греење? Едноставни совети кои секој може да ги примени!

    Загубите во топлина во домот пред се зависат од: изолацијата на објектот, квалитетот на вратите и прозорците, процентот на застакленост, ориентацијата и местоположбата. Може да…

  • Столтенберг: Земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија е посветена да се приклучи кон НАТО

    Столтенберг: Земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија е посветена да се приклучи кон НАТО

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред пратениците и Владата искажа воодушевување од напредокот на Македонија по 27 април и упадот во Собранието. Тој кажа…

  • Поради наноси од снег забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка

    Поради наноси од снег забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на…

  • За развој на зимскиот туризам Црна Гора ќе инвестира над 60 милиони евра

    За развој на зимскиот туризам Црна Гора ќе инвестира над 60 милиони евра

    До 2020 година Црна Гора ќе инвестира повеќе од 60 милиони евра за развој на зимскиот туризам во земјата, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, кој беше…

  • За верскиот празник Водици посебен режим на сообраќај во Скопје

    За верскиот празник Водици посебен режим на сообраќај во Скопје

    За време на одбележувањето на утрешниот верски празник Водици (19 јануари) сообраќајната полиција во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во…

  • Ирска: Ние даночен рај? Вие сте лицемери!

    Ирска: Ние даночен рај? Вие сте лицемери!

    Ирскиот премиер Лео Вараткар ги обвини членките на ЕУ за лицемерие кога станува збор за корпоративниот данок и ги отфрли како неточни тврдењата дека Ирска…