28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ги избра 5-те најимпресивни концепти (видео)

Porsche ги избра 5-те најимпресивни концепти (видео)

Германскиот производител „Porsche“ ги избра петте најдобри концептуални модели во својата историја. Тие беа идентификувани од Петер Варга и Иво ван Халтен кои се задолжени за изгледот и внатрешноста на автомобилите на брендот.

На петто место двајцата дизајнери го поставиле моделот „754“, кој што е создаден од Фердинанд Порше уште во 1959-та година. Овој автомобил всушност претставува предвесник на моделот „911“.

Следниот е „Porsche 989“, создаден во крајот на 80-тите години. Овој автомобил требало да се појави во сериско производство, но во последен момент проектот е откажан. Реализиран е години подоцна, кога се претвора во моделот „Panamera“.

На третата позиција се наоѓа кабриолетот со четири седишта – „Cayenne“, а на второто е прототипот на хибридниот спортски автомобил „918 Spyder“. Подоцна тој излегува и во сериско производство, а истиот е распродаден во целост.

За најдобар концепт во „Porsche“ го избрале електричниот „Mission E“, кој ќе стане сериски модел во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП