24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТелефоните Google Pixel оваа година ќе пристигнат во дури три верзии?

Телефоните Google Pixel оваа година ќе пристигнат во дури три верзии?

Откако беа објавени гласините за два телефони на „Google“, пристигна и трет кој би требало да биде поголем од минатогодишниот „Pixel XL“.

„Google Pixel“ телефоните оваа година би требало да добијат наследник, а откако се појавија информацијата за двата уреди, се чини дека тие ќе добија и трет во низа.

Како што објави „Droid Life“, прво беа објавени информации за два уреди со кодни имиња „muskie“ и „walleye“, a третиот ќе се нарекува „taimen“. Се претпоставува дека третиот телефон би требало да биде поголем и од „Pixel XL“. Инаку, слично се потврди и кај „Nexus 6“ и неговото кодно име.

Како што можевме да забележиме тренд оваа година се големите екрани сместени во помали куќишта, не би требало да не изненади доколку и кај смартфоните на „Google“ го забележиме овој тренд. Не е познато дали можеби некој од овие телефони ќе го следи 2:1 форматот на екранот каков што видовме на „LG G6“. Тоа што може да се очекува дека телефонот ќе ја добие следната верзија на „Android“ оперативниот систем – „Android O“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП