Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,801.04 0.25%    BESK 10,700.00 1.9%    GALE 600.00 0%    GRNT 756.00 -1.52%    KMB 2,601.78 -2.12%    MPOL 230.00 7.48%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    STB 897.19 4.32%    STBP 748.00 0%    TEL 241.00 0%    TKVS 2,510.00 3.12%    TNB 10,799.68 0.83%    TPLF 1,365.00 -0.15%    UNI 1,800.00 0%    ZPKO 2,500.00 -0.04%    

3 совети за пронаоѓање на првата работа

Време: 14:33

Датум: март 16, 2017

Категорија: КАРИЕРА

Aко сеуште ги полагате последните испити, сигурно веќе сте размислувале како до првата работа. Што поскоро ги усвоите вештините кои се клучни за успех во деловниот свет, толку подобро за вас.

Првата работа доаѓа од мрежата на контакти

Многумина за жал, прекасно ја сфаќаат важноста на мрежата на контакти за равојот на кариерата. Запомнете, вашите колеги од факултетот исто така се вредни, сфаќаме дека тие се ваша конкуренција во наоѓањето работа, но за 5 години вие ќе сфатите дека навистина сте пресреќни работејќи во некоја компанија заедно со вашите колеги од факултетот. Затоа, обидете се од факултетот да излезете со што поголема мрежа на контакти кои редовно ќе ги одржувате. Вашите колеги можеби ќе се вработат пред вас и ќе ве препорачаат за некое работно место во таа компанија.

Следете ги компаниите на друштвените мрежи

Компаниите кои ви се интересни следете ги на друштвените мрежи. На тој начин ќе бидете запознаени со нивното работење и последните новости, така што ќе генерирате знаење кое ќе можете да го употребите ако ви се укаже прилика.

Притоа навистина е важно на профилите на компанијата да не коментирате со вашата полугола слика. Ако веќе сте се одлучиле да го користите Фејсбук за барање работа тогаш мора да го прилагодите и профилот за таа намена. Прилагодете ја приватноста и имајте контрола над тоа што другите можат да го видат на вашиот профил.

Планирајте го процесот за барање на работа

Направете листа на компании кои ви се интересни и листа на контакти кои можат да ви помогнат за секоја од нив. Контактот не мора да ве препорача, доволно е од него да добиете информација дали некое ново вработување е планирано и кога отприлика.

Молбата за работа посебно прилагодете ја за секоја компанија. Истото направете го и со биографијата. Водете евиденција кога и на кого сте му пратиле молба за работа.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Седум карактеристики на ментално силните луѓе

    Седум карактеристики на ментално силните луѓе

    Ментално силните луѓе не се ништо поразлични од останатите, но тие имаат специфичен начин на размислување и сфаќање. Тие и во најтемните моменти знаат да…

  • Доколку сакате да бидете подобар работник, придржувајте се до овие совети

    Доколку сакате да бидете подобар работник, придржувајте се до овие совети

    Многумина се принудени да работат работа која не ја сакаат. Потполно е јасно дека би било полесно ако сите би можеле да ја најдеме работата…

  • Дали работите од задоволство или само за пари?

    Дали работите од задоволство или само за пари?

    Сигурно парите се една од главните причини за одењето на работа, но многумина ја ценат работата и од сосема други причини… Според истражувањето на компанијата…

  • Успешните шефови знаат дека…

    Успешните шефови знаат дека…

    На секој работник од големо значење му е правилниот пристап од страна на шефот. Но, важно е да знаете дека тешко е да се биде…

  • Зошто клиентите не ви веруваат

    Зошто клиентите не ви веруваат

    Општо познато е дека потрошувачите нема да купуваат кај вас доколку тие немаат доверба во вас. За жал многу компании прават фатални грешки, со што…

  • Ги имате овие три особини? Ќе ви се случи вртоглав успех!

    Ги имате овие три особини? Ќе ви се случи вртоглав успех!

    Кога ќе ги погледнете успешните луѓе ќе сфатите дека тие имаат многу заеднички нешта, зрачат со самодоверба, доверба и став. За успехот се клучни три…

  • Колегата ве озборува? Не грижете се, постои едноставно решение

    Колегата ве озборува? Не грижете се, постои едноставно решение

    Сигурно некогаш сте биле во прилика да бидете озборувани. Најдоброто што можете да го направите во тој случај е да му пријдете на колегата и…

  • Како секогаш да бидете ведри и насмеани на работното место

    Како секогаш да бидете ведри и насмеани на работното место

    Да дојдете на работа добро расположени, ведри и насмеани, а потоа и дома да си заминете со сјајно расположение, не е воопшто невозможно. Откријте кои…

  • Најлошите работни часови за вашето здравје

    Најлошите работни часови за вашето здравје

    Доколку работите трета смена односно ноќна смена, имаме лоши вести за вас. Луѓето кои работат ноќна смена имаат за два пати поголеми шанси да заболат…

  • Отстранете ги овие нешта од вашето CV

    Отстранете ги овие нешта од вашето CV

    Според некои податоци, работодавците трошат само шест секунди на прегледување на едно CV. Затоа вашето CV мора да биде добро напишано, со цел уште на…