20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги откри идните планови

Audi ги откри идните планови

Раководството на „Audi“ откри какви нови модели на марката ќе се појават во најблиска иднина. Тоа се случи за време на годишната конференција на производителот од Инголштад.

Првата премиера на брендот ќе биде новата генерација на предводникот „A8“. Автомобилот ќе биде прикажан уште во текот на оваа година, а продажбата ќе стартува веднаш по премиерата.

Во 2018-та година во „Audi“ планираат да им го понудат на своите клиенти серискиот теренец „Q8“, како и втората генерација на „A7“. Година подоцна ќе се појави и нов крос-купе – „Q4“ кој ќе ги користи платформата и агрегатите на „Q3“. Во 2020-та година Германците ќе пуштат во продажба барем 3 електрични возила, но за нив засега нема детали.

Од „Audi“ најавија уште дека меѓу приоритетите им е развој на системи за автономно управување кое ќе се користи и од останатите компании од „Volkswagen Group“. Идејата на шефовите на концернот е токму „Audi“ да биде водечкиот производител во оваа област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП