19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСуперовошје: Две причини зошто мангото е исклучително здраво

Суперовошје: Две причини зошто мангото е исклучително здраво

Ова тропско овошје е богато со различни состојки и има позитивни ефекти на нашето здравје. Погледнете кои…

Луѓето опседнати со диети веќе долго време тврдат дека некои овошја како грејпфрут и ананас можат магично да помогнат да се изгубат килограмите.

Науката на овие овошја им додаде уште едно – манго, и тврди дека тоа може да спречи дијабетес тип два и да помогне во спречувањето на дебелината.

За мангото е докажано дека може да ги одржи оние бактерии во цревата кои се губат кога консумираме масна храна.

Во студија на Универзитетот Оклахома 60 глувци биле поделени во 4 групи кои биле посебно хранети, а едната добивала голем процент на манго. Токму таа била групата која имала најмала загуба на корисни бактерии во цревата.

„Мангото е добар извор на влакна и има добри ефекти против дебелината, зголемената вредност на шеќерот и воспаленијата“, вели професорот Едрали Лукас, кој го водел истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП