20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова апликација која ќе биде „ноќна мора“ за приватноста на Facebook корисниците

Нова апликација која ќе биде „ноќна мора“ за приватноста на Facebook корисниците

Колку пати сте виделе некого во град, кафуле… и сте посакале да го „додадете“ на популарната друштвена мрежа „Facebook“?

Наскоро и тоа ќе биде можно со новата апликација „Facezam“, која служи за препознавање на лицето и која би требало да биде достапна кон крајот на овој месец.

Британскиот претприемач Џек Кењон тврди дека корисниците со помош на апликацијата ќе можат за десетина секунди да идентификуваат непознато лице, доколку претходно го фотографираат.

„Корисниците ќе можат да идентификуваат некого во рок од неколку секунди, што значи дека приватноста повеќе нема да постои во општеството“, вели Кењон, кој додава дека „Facezam“ би можела да означи крај на анонимните друштва.

Кењон тврди дека не постои начин корисниците на „Facebook“ да се заштитат од оваа апликација и наведува дека верува дека таа ќе делува на намалување на стапката на криминал.

„Facebook“, сепак, потврди дека апликацијата ја крши нивната политика за приватноста и дека може да го доведе до знак прашање нејзиното појавување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП