24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.03.2017

Дневен хороскоп 16.03.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе добиете шанса да напредувате. Од вас зависи дали ќе ја искористите или ќе се заглавите во детали и нема да ги забележите големите нешта. Емотивно сте нестабилни и чувствувате страв од самотија.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Чувствувате голем револт во однос на претпоставениот, но вашата природа не ви дозволува да реагирате на соодветен начин. Парите кои ги очекувате се уште не доаѓаат, но сепак, се појавуваат некои шанси кои се знак дека на крај сe ќе заврши добро.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе решавате некој проблем во врска со постар човек од семејството. Не поднесувате авторитети, и на секој начин се обидувате да го намалите нивното влијание врз вас. Бидете внимателни и не решавајте го проблемот со повишување на тонот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес е можна средба во врска со некоја задача која одамна сте си ја зацртале да ја остварите. Сериозноста со која пристапувате кон работите секако ќе ви донесе успех. Но вас ни тоа не ве радува. Вродениот песимизам ги тера колегите да се дистанцираат од вас и да ве избегнуваат.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе имате пријатен и релаксиран ден. Работната недела е при крај и време е да ги оставите работите такви какви што се и да се одморите. Следната недела ве чекаат нови работни предизвици и нема потреба да се напрегате без некои видливи резултати.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не е време за изливи на бес. Таквите изливи кај вас ретко се случуваат и поради тоа предизвикуваат бура кај луѓето од опкружувањето. Доколку сте слободни, имате намера да и се приближите на една личност.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете тактични какви што сте и не дозволувајте да влезете во конфликт со претпоставениот. Вам мислите ви се на друга страна и не внимавате на работата. Затоа не бранете си ги грешките, туку поправете ги и молчете.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Особено ви пречи кога ќе морате да се вратите назад и да преработувате нешто што веќе е сработено. Колку и да се буните и да праќате отровни стрели кон претпоставените, денес ќе морате да се справите со работите што веќе сте ги заборавиле.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку планирате пат бидете внимателни. Чувствувате блокада која ви го одзема вниманието и тешко ќе можете да се концентрирате на патот. На работното место ви се јавуваат недоразбирања со колегите, но вие вешто ги избегнувате расправиите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес административните работи ќе имаат приоритет. Ќе морате да се позанимавате со документи кои сте ги оставиле по страна и како да очекувавте сами од себе да се завршат. Доколку сте сами, деновиве можат да бидат многу значајни за вас.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе донесете добра одлука во врска со работата и затоа, не вртете се назад туку насочете се кон иднината. Доколку сте слободни, во попладневните часови можно е да сретнете личност која сосема ќе го смени правецот на вашите мисли.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сметате дека не постои задача која не можете да ја завршите. Ова може да предизвика завист кај колегите, и затоа бидете внимателни и не експонирајте се премногу. Унапредувањето што го очекувате, секако ќе дојде во наредниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП