20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕPeninsula Tokyo Hotel - Мистичен јапонски луксуз (фото)

Peninsula Tokyo Hotel – Мистичен јапонски луксуз (фото)

Наспроти Кралската палата во Токио, сместен е „Peninsula Tokyo Hotel“, кој ветува еднаква впечатливост…

Тој е идеална почетна точка за сите оние кои сакаат да го истражат овој фасцинантен и мистичен град. „Peninsula Tokyo Hotel“ е всушност независен хотен во овој град, кој прекрасно ги комбинира јапонската традиција и влијанието на дизајнот, со hi-tech погодностите и ултимативниот луксуз на денешницата.

Со првите чекори кои ќе ги направите во овој хотел, ќе се уверите во неговата вистинска убавина, која е нагласена со импресивниот поглед кон градот и Кралската палата, кој се овозможува од неговите горни катови.

Овој хотел има 314 пространи соби, при што секоја од нив ја нагласува елеганцијата во секој агол – имаат мермерни бањи, угодни ТВ сетови, безжични телефони и интересно осветлување, кое ќе ве импресионира. А тоа се само некои од погодностите кои се нудат.

Доколку сакате да се опуштите, ултра модерниот и луксузен „Peninsula spa“ ќе ве размази со неверојатните „Ayurvede “ третмани за тело, додека вашиот вкус ќе биде задоволен со огромната понуда од рестораните, кои служат јапонска и интернационална кујна.

Lobby caffe е совршено место за автентичното јапонскo искуство со уживање во чај или шолја кафе наутро, додека на четвртиот кат ќе го пронајдете Peter The bar кој е најдоброто место за уживање во коктелите и префинетите цигари, додека го набљудувате градот од височината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП