28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледната недела ќе биде претставен новиот iPad?

Следната недела ќе биде претставен новиот iPad?

Интернет страната „Mac Rumors“ се повика на „доверлив извор“ и најави дека „Apple“ веќе следната недела би можел да претстави нов уред од „iPad“ серијата.

Подобрувањата ќе пристигнат во вистински момент, со оглед на претходните информации дека во „Apple“ не се задоволни со падот на продажбата на таблети од квартал во квартал.

Аналитичарите веќе некое време говорат за замена на 9,7-инчниот „iPad“ и 12,9-инчниот „iPad Pro“ со нови верзии. Дали воопшто „Apple“ ќе одржи посебен настан за преставување или најавите ќе пристигнат како соопштенија за јавноста е голема мистерија. Тоа очигледно зависи од тоа колку модели компанијата од Купертино воопшто ќе претстави.

„Apple“ според некои информации навистина планира наста, и тоа меѓу 20-ти и 24-ти марти, но поканите се пристигнале во медиумските кругови.

Покрај се, јапонскиот блог „Mac Otakara“ наведува дека најверојатно се очекува 7,9-инчен модел кој ќе го замени сега веќе застарениот „iPad Mini 4“, иако аналитичарите Минг-Чи Куо (KGI Securities) и Блејн Куртис (Barclays) се споменуваат таков модел. „Mek Otakara“ наведува дека 7,9-инчниот „iPad Pro“ ќе користи „Smart Connector“, a ќе пристигне и со 12-мегапикселна „iSight“ камера и „True Tone“ блиц, но и екран како повеќето модели. Поголемите изданија на „iPad Pro“ серијата, со дијагонала од 10,5-инчи и 12,9-инчи ќе го користат чипот „Apple A10X“, додека помалиот ќе го користи „A9X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП