25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTop 20: Кои модели се најбарани во Европа

Top 20: Кои модели се најбарани во Европа

Списокот од петте најпродавани автомобили на европскиот пазар во 2016-та не се промени во однос на 2015-та, но не и нивниот редослед на листата. Неевропските модели и натаму тешкот се пробиваат во Топ 20.

Кога станува збор за најпродаваниот модел на автомобил во Европа, веќе подолго време нема изненадување на самиот врв. Како и години наназад, „Volkswagen Golf“ e убедливо најбараното патничко возило на Стариот континент.

Иако во 2016-та забележа значителен пад (-7,8%), „Golf“ со 492.952 испорачани единици го остави далеку зад себе својот прв придружник.

На второто место се проби „Renault Clio“, со раст од 3% и 315.115 продадени автомобили, додека трет е „Volkswagen Polo“, кој во 2016-та беше четврти, со 308.561 испорачани примероци.

Благодарејќи на падот на продажбата во 2016-та (-4,4%), „Ford Fiesta“ се симна од второ на четврто место со 300.528 продадени единици.

Листатата со првите пет најбарани модели во Европа за 2016-та се заокружува со „Opel/Vauxhall Corsa“, која пристигна до 264.844 купувачи. Меѓу Top 5 најпродаваните се четири модели од т.н. „В“ сегмент, мали возила кои главно се користат за кратки дестинации.

Огромен раст на продажбата забележа „Astra“ (+29,6), со скок од 13-то на 6-то место. Во 2016-та компанијата испорача 253.483 од овие автомобили, најмногу благодарејќи на новата генерација која пристигна на пазарот.

„Nissan Qashqai“ со 234.340 испорачаби автомобили остана единствениот неевропски модел кој се пласираше меѓу првите десет.

Меѓу првите 20 се најде уште еден јапонски автомобил, со споменатиот „Qashqai“, тука е уште и „Toyota Yaris“.

Oд моделите на премиум производителите најдобро позициониран според продажбата е „Audi A3“, кој со 190.660 единици го зазема 16-то место.

„FIAT“ и натаму е владатер во класата на мали градски автомобили (на листата се 2 модели, „Panda“ и „500“), a интересно е тоа што „Škoda“ исто така обезбеди две позиции во Топ 20 („Octavia“ и „Fabia“).

Погледнете ја комплетната листа 20 најпродавани модели на автомобили во Европа во 2016-та:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП