24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 8: Го нема „home“ копчето, но екранот нема да биде како...

iPhone 8: Го нема „home“ копчето, но екранот нема да биде како на Samsung

Гласините за изгледот на новиот „iPhone“ пристигнуваат во бранови, а изгледа дека еднa од последните, дека ќе има заоблен „OLED“ eкран е невистината.

Како што пишува сајтот „Techno Buffalo“, „Apple“ имаше намера да го „заобли“ екранот на моделот „iPhone 8“, но компанијата се откажа. Се претпоставува дека има повеќе причини за тоа – назадоволството со моменталната технологија, но и невозможноста да ја обезбеди потребната количина на заоблените екрани.

Сепак, и покрај рамните рабови, се очекува „осмицата“ во дизајнерска смисла да биде голем чекор во однос на постариот брат.

Екранот најверојатно ќе биде со дијагонала од 5,8 инчи со значително намалена рамка, но ќе се простира од работ до работ по хоризонтала, додека по вертикала ќе биде толку голем што нема да има место за познатото копче „Home“.

Tаквиот развој на ситуацијата би можел да се насети уште кога пред една година „Apple“ објави замена на копчето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП