28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе ja пушти M8 во три верзии

BMW ќе ja пушти M8 во три верзии

Компанијата „BMW“ ќе пушти одеднаш 3 верзии од моделот „M8“, кои ќе станат дел од семејството на обновената „Series 8“. Прво во 2019-та година ќе се појави стандардното купе, кое ќе биде позиционирано како директен конкурент на „Aston Martin Rapide“, „Bentley Continental GT“ и „Mercedes-AMG S63“.

Според неофицијалните податоци, возилото ќе добие 4,0-литарски бензински V8 мотор со две турбини, а силата ќе надминува 600 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 4 секунди, а максималната брзина ќе биде околу 320 км/ч.

Благодарение на замената на металните елементи од конструкцијата со карбонски, тежината на возилото нема да надминува 1500 кг. Во основната верзија моделот ќе биде со заден пренос, но како опција ќе се нуди и систем за погон на четири тркала.

По дебито на купето под истиот индекс ќе биде претставен кабриолет, како и модификација со 4 врати – „Gran Coupe“. Појавата на овие две машини е предвидена за 2020-та година. Повеќето дизајн елементи ќе бидат превземени од прототипот Пининфарина „Gran Lusso“ прикажан пред 2 години. Самиот тој е изграден врз основа на предводникот на Баварците, „Series 7“, но е многу луксузен.

„BMW Series 8“ се произведуваше во периодот 1989-1999 година. Од кабината со 2 врати се направени најмалку 31.000 примероци. Верзијата „M8“ сепак така и не се појавува на пазарот, а од неа има само еден прототип, опремен со V12 мотор со 550 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП