19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКлоновите на смартфоните стануваат се подобри, внимавајте добро (видео)

Клоновите на смартфоните стануваат се подобри, внимавајте добро (видео)

Заедно со развојот на бројни модели на паметни телефони, се развиваат и кинески евтини копии.

Некогаш дури и оние не толку големите познавачи на брендовите на паметни телефони, веднаш можеа да препознаат копија, но работите со тек на времето значително се променија.

Како расте развојот на напредни технологии кои реномираните производители ги интегрираат во своите смартфони, со иста брзина расте и квалитетната продукција на лажни паметни телефони кои речиси секогаш пристигнуваат од Кина.

И денеска, особено за некоj кој не е голем љубител на технологијата, се потешко се препознаваат измамниците кои, на пример, ќе ви испорачаат лажен „Apple iPhone 7 Plus“ уред по цена од околу 70 американски долари.

Доколку не сте добро запознаени со оргиналните уреди, многу се големи шансите да бидете измамени…

Благодарејќи на квалитетните видео материјали кои можат да се пронајдат на „YouTube“, постојат луѓе кои се подготвени да платат лажен паметен телефон само за да ги предупредат останатите на што треба да внимаваат.

Oва е еден од таквите видео записи.

Првото изненадување и за самиот автор, кој на значително професионален начин ги следи сите новитети поврзани за „Apple“, е пакувањето.

Кутијата во која се наоѓа „лажниот“ уред од Кина е скоро иста како и кутијата во која „Apple“ ги испорачува своите оргинални „iPhone“ уреди.

Нормално, повеќето напредни функции не работат, па така на лажниот смартфон од Кина не е можно да се инсталира „iOS“, но интересно е дека работи читачот за отпечаток на прстот.

Погледнете во видеото на што се треба да внимавате при купувањето на „iPhone 7 Plus“ зa 70 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП