24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo се откажува од идните MiTo и Giulietta

Alfa Romeo се откажува од идните MiTo и Giulietta

Најмалите модели со преден погон на „Alfa Romeo“ – „MiTo“ и „Giulietta“, нема да добијат наследници. Ова го објави пред новинарите шефот на компанијата Рид Бигленд за време на автосаемот во Женева.

„MiTo“ излезе уште во 2008-ма година, а пак „Giulietta“ се појави во 2010-та година. Двата возила беа развиени исклучително за Европа, уште пред на шефовите на „Alfa Romeo“ да им текне идејата да се обидат да ги освојат пазарите во Северна Америка.

Рид Бигленд призна дека квалитетот на овие два автомобили е многу понизок од тој на новите модели „Giulia“ и „Stelvio“. Во компанијата сметаат дека модернизацијата на „MiTo“ и „Giulietta“ е целосно излишна, бидејќи сегментот на компактни, но скапи автомобили, е прилично мал.

Сепак засега производството на двата хечбек модели ќе продолжи, но најверојатно ќе биде во помали количини. Во „Alfa Romeo“ ќе се фокусираат главно на новите модели, а првиот од нив ќе биде кросовер, кој ќе биде помал од „Stevio“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП