Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,301.12 -0.29%    FERS 59,000.00 5.34%    KMB 2,698.87 0.16%    MPT 27,000.00 0%    REPL 54,101.00 -0.06%    TPLF 1,530.00 0.22%    TTK 800.12 0.02%    

Почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова

Време: 23:00

Датум: март 12, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Доајенката на македонската народна музика, Вања Лазарова, почина на 86 годишна возраст.

Лазарова е родена на 27 април 1930 во селото Страцин, Кратовско.

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.

Таа е прва македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“.

Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

Во 2014 јавноста беше вознемирена од веста дека Лазарова живее заборавена од институциите во дом за стари лица со скромна пензија, и илјадници луѓе ја потпишаа онлајн петицијата со барање таа да добие национална пензија од Министерството за култура.

Подоцна, продуцентот Иво Јанковски, чија продуцентска куќа „Трето уво“ објави три нејзини албуми („Македонски традиционални љубовни песни“, „Ритмистика“ и „Лулка“) ја подготови документацијата за Вања истата година да ја добие државната награда „11 Октомври“ во областа на културата, а со тоа по автоматизам и национална пензија од Министерството за култура.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Изложба „Скици 2017“ од кумановски автори во Кавадарци

    Изложба „Скици 2017“ од кумановски автори во Кавадарци

    Во вторник, 12 декември, со почеток од 19 часот во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Скици 2017“ на…

  • Македонскиот филм „Сведок“ во киното „Милениум“

    Македонскиот филм „Сведок“ во киното „Милениум“

    Македонскиот филм „Сведок“ во режија на Митко Панов почна со прикажување во киното „Милениум“. Филмот е херојска авантура на еден млад и амбициозен приправник во…

  • „Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонската филхармонија и студентите по музика

    „Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонската филхармонија и студентите по музика

    „Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија и студентите од државните факултети за музика, кој ќе се одржи овој четврток…

  • Хуманитарен новогодишен концерт „Узун“

    Хуманитарен новогодишен концерт „Узун“

    Традиционалниот новогодишен школски концерт на музичкото студио „Узун“, во соработка со Црвен крст на град Скопје, ќе се одржи утре, 9 декември, со почеток во…

  • Започнува клупската програма на „Десонанз 2017“

    Започнува клупската програма на „Десонанз 2017“

    Во соработка со фестивалот „Таксират“, вечерва започнува клупската програма на деветтото издание на музичкиот фестивал „Десонанз“. Во салата „25 Мај“ во МКЦ вечерва ќе настапи…

  • Поетите на ДПМ во чест на Блаже Конески

    Поетите на ДПМ во чест на Блаже Конески

    Поети од различни генерации, членови на Друштвото на писателите на Македонија, на 19 декември во 12 часот, ќе настапат на централната свеченост што Филолошкиот факултет…

  • Промоција на романот „Допирот на пијанистот“ од Мирт Комел

    Промоција на романот „Допирот на пијанистот“ од Мирт Комел

    Книгата „Допирот на пијанистот“ од словенечкиот писател Мирт Комел, ќе биде промовирана на 8 декември во „Кино Култура“ со почеток во 20 часот. Од Издавачката…

  • Bilxa Bargeld & Teho Teardo ќе ја доловат длабочината на црното со концерт во Македонската филхармонија

    Bilxa Bargeld & Teho Teardo ќе ја доловат длабочината на црното со концерт во Македонската филхармонија

    Во Македонската филхармонија во сабота (9 декември) ќе се одржи концерт на Bilxa Bargeld & Teho Teardo, фузија на двајца музичари кои ја претставуваат оската…

  • „Младите доаѓаат“, концерт на ученици со Македонската филхармонија

    „Младите доаѓаат“, концерт на ученици со Македонската филхармонија

    На 7 декември во 20 часот Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт на кој учествуваат ученици од Државните музички училишта во Македонија. Концертот носи…

  • Во Францускиот институт во Скопје изложба за новите модни трендови

    Во Францускиот институт во Скопје изложба за новите модни трендови

    В среда, 6 декември 2017, во 18.30 часот во просториите на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена изложбата „Низ процесот на моделирање и изработка…