29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМилионер од САД го претстави кандидатот за „круната“ на Нирбургринг (фото+видео)

Милионер од САД го претстави кандидатот за „круната“ на Нирбургринг (фото+видео)

scg 00

Компанијата „Scuderia Cameron Glickenhaus“ (SCG), која припаѓа на американскиот милионер и режисер Џејмс Гликенхаус ја претстави на автосаемот во Женева „граѓанската“ верзија на тркачкото купе „003“, која се нарекува „003S“.

scg 01

Суперавтомобилот треба да го подобри рекордот за најбрза обиколка на патеката „Нирбургринг“ од сериски автомобил. Сегашното најдобро достигнување му припаѓа на „Lamborghini Huracan Performante“ – 6 минути и 52,01 секунди, но во „SCG“ веруваат дека нивниот автомобил ќе се соочи за 6 минути и 30 секунди.

scg 02

Самата „SCG 003S“ е опремена со 4,4-литарски битурбо V8 мотор. Неговата моќност е 800 КС и 850 Nm вртежен момент. Моторот се комбинира со 7-степен секвенцијален менувач. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3 секунди и развивање на брзина од 349 км/ч.

scg 03

Во основата на моделот лежи карбонски монокок, а благодарение на користењето на овој материјал во каросеријата, тежината на возилото не надминува 1360 килограми. При брзина од 250 км/ч аеродинамичките елементи генерира потисна сила еднаква на 703 килограми.

scg 04

Засега не е јасно кога ќе стартува продажбата на возилото и колку ќе чини тоа. За производството на „SCG 003S“ ќе биде ангажирана италијанската компанија „Manifattura Automobili Torino“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП