29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусна и здрава навика: Консумирајте секојдневно една чаша сок од домати

Вкусна и здрава навика: Консумирајте секојдневно една чаша сок од домати

chi-ugc-article-how-a-daily-glass-of-tomato-juice-help-trim-y-2016-04-14

Доматите се познати по своите здравствени користи за организмот, но дали знаете дека сокот од домати е подеднакво здрав?

Тој содржи низа витамини и минерали како витаминот А, К, Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6, како и минерали како што е железото, магнезиумот и фосфорот. Не само што овие витамини и минерали се одлични за здравјето, туку имаат и одличен придонес за кожата и косата.

Ако се одлучите да пиете сок од домати, експертите советуваат дека е подобро сами да го направите во домашни услови и од свежи плодови, отколку да купувате готов производ.

Имено, ликопенот кој се наоѓа во сокот го намалува ризикот од рак на простатата, а влакната се одлични за здравјето на дебелото црево.

Освен тоа, сокот од домати го регулира варењето, без оглед дали станува збор за тврда или мека столица, и го одржува здраво нивото на холестерол во организмот.

Антиоксидантите кои се присутни во сокот од домати помагаат во борбата против дијабетес, асма и болести на срцето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП