24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi ќе ja враќа легендата Pajero

Mitsubishi ќе ja враќа легендата Pajero

pajero3054

Уште во крајот на 2015-та година раководството на „Mitsubishi Motors“ недвосмислено укажа дека сегашната генерација на „Pajero“ најверојатно ќе биде последната за моделот.

Оттогаш се променија многу работи, а најважно беше дека компанијата стана сопственост на „Renault-Nissan“. Токму со помош на новиот партнер „Mitsubishi“ ќе го врати „Pajero“ во големата игра, па така веќе се работи на неговата петта генерација.

Тоа го потврди директорот за производство на „Mitsubishi“ – Тревор Ман. Тој признава дека неговата компанија нема да инвестира средства во создавањето на нов теренец, туку ќе ја користи основата на следната генерација на „Nissan Patrol“. Ман побрза да прецизира дека новиот „Pajero“ ќе биде со поголеми димензии од својот „донатор“, како и дека ќе добие различни технички компоненти.

Топ-менаџерот прецизира уште дека во моментов сегментот на големите „SUV“ модели е под огромен притисок поради новите еколошки барања и затоа на производителите им се наметнува да создаваат економични мотори, а паралелно со тоа се намалува тежината на автомобилите.

Според Ман сепак, кај слични машини поставувањето на електричен агрегат не е добро решение. Далеку посоодветно е да се обложат на „plug-in“ хибриди, па сигурно е дела такви верзии ќе има како кај идниот „Nissan Patrol“, така и кај новиот „Pajero“. Со цел намалување на трошоците тие ќе користат ист агрегат. Кога ќе бидат подготвени двата теренеци, се уште не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП