23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSpyker избега од Audi (фото+видео)

Spyker избега од Audi (фото+видео)

prelitor 01

Малите компании обично ги избираат поголемите производители за испорака на мотори, но во случајот со Холанѓаните од „Spyker“ се случи нешто уникатно за индустријата. Компанијата се откажа од соработка со „Audi“ чии агрегати ги користеше за своите модели, и избра друга мала компанија – „Koenigsegg“.

prelitor 02

Токму со мотор на шведскиот производител е опремен роудстерот „Spyker C8 Preliator Spyder“, кој беше претставен на саемот во Женева. Само пред една година Холанѓаните ја претставија купе верзијата на истиот модел, а таа се потпираше на мотор на „Audi“.

prelitor 03

„Не кријам дека сум восхитен од технологиите кои ги нуди нашиот нов партнер „Koenigsegg Automotive AB“ и сум убеден дека одлуката да се потпреме на него како снабдувач на мотори ни е најважно во историјата на „Spyker““, коментира главниот директор на холандската фирма Виктор Милер.

prelitor 04

А дека „Spyker“ само заработува од ваквиот потег, се гледа многу јасно. Моторот „V8“ на „Audi“, со кој беше опремен „C8 Preliator“, се потпираше на 525 КС и 600 Нм, додека моторот на скандинавците е со ист волумен – 5,0 литри, а развива 600 КС со истиот вртежен момент.

prelitor 05

Во комбинација со атмосферскиот мотор работи 6-брзински мануелен менувач (купето се предлагаше и со 8-степена „ZF“-трансмисија). Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,6 секунди, а максималната брзина е 322 км/ч. Автомобилот ќе излезе во серија од 100 примероци, а стартната цена за Европа е 400.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП