19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБродовите на Охридското Езеро технички исправни за пловидба

Бродовите на Охридското Езеро технички исправни за пловидба

oh

Ситуацијата на комерцијалната флота на Охридското Езеро е редовна, односно сите бродови регистрирани во Капетанијата на пристаништа во Охрид се исправни за пловидба.

Тоа го покажа неодамна спроведената техничка контрола од страна на експертите на бродски регистар „Биро Веритас“, овластена да ја контролира „кондицијата“ на бродовите што пловат по езерото.

Како што е соопштено од Капетанијата, сите комерцијални бродови го минале прегледот, при што е утврдено дека не се регистрирани недостатоци, односно дека ситуацијата е редовна, а пловните објекти се подготвени за престојната туристичка сезона.

Станува збор за шест бродови со носивост меѓу 80 и 150 патници, како и неколку пловни објекти односно чамци со капацитет од најмногу 12 патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП