Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Затворање на Вечерите на женски права

Време: 11:26

Датум: март 9, 2017

Категорија: КУЛТУРА

zenski p33

Последниот ден од Вечерите на женски права нуди работилница за трансакциска анализа во организација на Македонска асоцијација за трансакциска анализа (МАТА), проекција на документарниот филм „Мировна агенција“ од Сју Усеем и дебата на тема „Улогата на жените во обединување при криза“.

Работилницата за транскациска анализа, во организација на МАТА, ќе им помогне на учесниците да ги откријат доминантните уверувања, културолошките вредности и референтната рамка за себе и другите околу нив, за жената и финансискиот успех.
Проекцијата на документарниот филм „Мировна агенција“ ќе започне во 20 часот. Лиан Гогали и нејзините 500 женски студенти се сила која треба да се препознае во конфликтно растргнатата област Посо во Индонезија. „Мировна агенција“ го следи нејзиното впечатливо патување од нејзиното село до Њујорк за да создаде женското училиште, институција која целосно го трансформира женскиот клас во агенти за мир и ненасилен граѓански активизам и кое го менува текот на конфликтот во Посо, а можеби и иднината на Индонезија.

Овогодинешните Вечери на женски права ќе се затворат со дебата на тема „Улогата на жените во обединување при криза“ при што говорници се Мерсиха Смаиловиќ, Горан Јанев и Виолета Петроска Бешка.

Настанот Вечери на женски права понуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8-ми март. Овогодинешното осмо издание се одржа од 4-ти до 9-ти март во Младинскиот Културен Центар – Скопје. Годинава, преку уметност, филм и музика се поттикнаа мажите и жените да размисуваат критички за родовата (не)еднаквст и да оддадат почит на досегашните достигнувања.

Настанот традиционално се организира од 2010 година. Успешната реализација на осумте изданија е резултат на соработка помеѓу Град Скопје, UN Women, Институт за родови студии при Филозофски факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Универзитет за аудио-визуелни уметности – ЕСРА, Скопје и организацијата „Една може!“.
Оваа година настанот беше во организација на Центарот за истражување и креирање политки – Скопје

КОМЕНТАРИ

  • Oд 4 до 10 април Саем на книгата, за образование и кариера и Скопје травел маркет на Скопски саем

    Oд 4 до 10 април Саем на книгата, за образование и кариера и Скопје травел маркет на Скопски саем

    Меѓународен саем на книгата, 29-ти по ред, 20от Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет започнуваат на 4 април и ќе траат…

  • Gorillaz во Лондон!

    Gorillaz во Лондон!

    По најавата на соработката со Telekom Electronic Beats музичката програма, Gorillaz го промовираа и својот нов студиски албум „Humanz“. Нивниот концерт се одржа во петокот…

  • Хорнистот Штефан Дор доаѓа во Скопје

    Хорнистот Штефан Дор доаѓа во Скопје

    Македонската филхармонија, во четврток во Домот на АРМ во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи…

  • Театрите за децата од СОС детско село Македонија

    Театрите за децата од СОС детско село Македонија

    По повод 27 март, Светскиот ден на театрите и оваа година, како и минатата, актерите ќе одиграат по една претстава во чест на децата од…

  • Детскиот фестивал „Поточиња“ во МОБ

    Детскиот фестивал „Поточиња“ во МОБ

    Со пристигнување на пролетта, на 8 – 9 април во Македонска опера и балет пристигнува и новото 14-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“. Најмалите љубители…

  • Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу лауреат на „Sirmium Music Fest“

    Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу лауреат на „Sirmium Music Fest“

    Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место и е прогласен за лауреат на натпреварот во категорија на постари пијанисти од основните школи. Наградата ја…

  • Чарлс Симиќ добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2017

    Чарлс Симиќ добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2017

    Добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП) за 2017 година, е поетот и есеист од САД, роден во Белград во 1938…

  • Изложба на Цветанка Јованова Хермес

    Изложба на Цветанка Јованова Хермес

    Цветанка Јованова Хермес со своите креации го поставува ултимативното човеково прашање „Кој си ти?“ на изложбата која ќе се одржи во Порта Македонија во 20.30…

  • Шведскиот филм ”Кругот” во среда и четврток во Кинотека

    Шведскиот филм ”Кругот” во среда и четврток во Кинотека

    Амбасадата на Шведска во Скопје, во соработка со Кинотека на Македонија, во среда и четврток од 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе го прикаже…

  • Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ одбележан Светскиот ден на раскажувањето

    Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ одбележан Светскиот ден на раскажувањето

    Светскиот ден на раскажување приказни се одбележа со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ пред првачињата од основното училиште „Коле Неделковски“ во градската…