Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,699.89 -1.71%    BESK 10,708.00 -0.26%    KMB 2,700.00 0%    MPOL 214.00 6.47%    MPT 27,000.00 0%    OHB 4,700.00 -0.91%    PKB 13,500.00 0.01%    STB 949.90 -0.47%    TPLF 1,422.65 0.88%    UNI 1,319.00 -2.94%    

Денес премиерно прикажување на краткометражниот филм „Последните камбани“

Време: 11:28

Датум: март 9, 2017

Категорија: КУЛТУРА

PK2-680x365_c

Краткометражниот филм „Последните камбани“, работен по сценарио и во режија на Николче Поповски, а со Мето Јовановски во главната улога, ќе биде премиерно прикажан денес, со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија.

Филмот кој говори за осаменоста и соочувањето со неа, ја носи приказната за старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село.

Филмот се снимаше минатиот септември во селата Љубојно и Брајчино. Куриозитет на „Последните камбани“ е што во него воопшто нема говор, а убавините на двете села играат важна улога и тие како да се дел од карактерите.

Директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски, а филмот е во продукција на „ДНФ филмс“.

Актерската екипа на филмот ја сочинуваат и Сања Николовска и Виктор Најдовски. Сценографијата е на Никола Анѓелковски, музиката на Дарко Спасовски – Пацки и на Горан Кан, шминката е на Наталија Кајевска, а костимите ги направи Ирена Боневска.

„Последните камбани“ е поддржан од агенцијата за филм на Република Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со настапите на Дамир Имамовиќ и Љубојна почнува 16-тото издание на ОфФест

    Со настапите на Дамир Имамовиќ и Љубојна почнува 16-тото издание на ОфФест

    Четиридневниот 16. ОфФест вечер ќе почне со два концерта во Македонскиот народен театар, соло-настап на Дамир Имамовиќ од Босна, најпознатиот изведувач на севдах кој е…

  • Изложба на карикатури во галерија „Остен“

    Изложба на карикатури во галерија „Остен“

    По повод 49. Светска галерија на карикатури Скопје 2017, во галеријата „Остен“ (влез од улица „Максим Горки“ 16), од вечерва (25 мај) до 15 јуни…

  • „Фини луѓе“ – Шведскиот документарец во Кинотеката на Македонија

    „Фини луѓе“ – Шведскиот документарец во Кинотеката на Македонија

    Амбасадата на Шведска во Скопје, во соработка со Кинотеката на Македонија ќе го прикаже шведскиот документарен филм ”Фини луѓе”. Прикажувањето на филмот ќе биде во…

  • По втор пат во Скопје манифестицијата „Скопје чита“

    По втор пат во Скопје манифестицијата „Скопје чита“

    Манифестицијата „Скопје чита“ денеска по втор пат ќе се одржи во паркот спроти Скопското кале. Читањето ќе започне со група студенти, а потоа и реномирани…

  • „Оф фест 2017“ со експересивни и антиглобалистички музички изведувачи

    „Оф фест 2017“ со експересивни и антиглобалистички музички изведувачи

    Дамир Имамовиќ – босанскиот севдах-модернист, македонската група „Љубојна“, италијаните Bella Ciao, португалска фадо ѕвезда Жизела Жоао, авангардните Јужнокорејци Black String, Марја Нут, данското дуо Den…

  • Книгата „Пејач во кулата” објавена во Москва

    Книгата „Пејач во кулата” објавена во Москва

    Поетот­ академик Влада Урошевиќ ја објави својата книга „Пејач во кулата” во Москва, во издание на „Рудомино”. Изборот од сето досегашно поетско творештво на нашиот…

  • Дино Имери со хуманитарен концерт во МОБ

    Дино Имери со хуманитарен концерт во МОБ

    На местото на откажаната опера „Мадам Батерфлај“ во рамки на Мајските оперски вечери која беше закажана за 28 мај, МОБ ќе организира хуманитарен концерт на…

  • Две награди за Театар Комедија на фестивал во БиХ

    Две награди за Театар Комедија на фестивал во БиХ

    Театар комедија освои две награди на регионалниот фестивал на комедијата во Сараево „Насмевка на Сараево“ со претставите „Име“ од Александар Дела Пателиер и Метју Делапорт…

  • „Скопје синема сити“ – трет фестивал за музички документарци

    „Скопје синема сити“ – трет фестивал за музички документарци

    Tретиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотеката на Македонија. Организатори се граѓанското…

  • Преведен на македонски бестселерот „Што сакаш од мене, љубов“

    Преведен на македонски бестселерот „Што сакаш од мене, љубов“

    Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје деновиве ја објави книгата раскази „Што сакаш од мене, љубов?“ од познатиот галициски и шпански писател Мануел Ривас,…